EN

Борислав Траиковски

1917,  Битола – 1996, Битола

 

Кловнови, 1966

Масло на платно, 100 х 70 см

Аквизиција: Откуп

Инвентарен бр.: 01294

 

Биографија

Борислав Траиковски (Битола, 15 јуни 1917 – Битола, 11 октомври 1996) – македонски сликар и педагог. Борислав Траиковски основно и средно образование завршил во родниот крај. Во 1937 година ги започнал студиите на одделот за архитектура на Техничкиот факултет во Белград, кои биле прекинати од Втората светска војна во 1941 година и бил принуден да се врати во Битола. Во периодот помеѓу 1944 и 1947 година предавал уметност во основно училиште во неговиот роден град. Во 1951 година, Борислав Траиковски, Миле Корубин и Ристо Лозановски се првите Македонци кои дипломирале на Академијата за ликовни уметности во Белград. 

Краткиот увод во биографијата е превземен од Википедија според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на wikipedia.org/wiki/Борислав Траиковски

Претходни изданија