EN

Алекс Кац

1927, Њујорк, САД

 

Портрет на поетот, Кенет Кох, 1970

литографија на хартија,  760 х 560 мм

Едиција: 170/200; сигнирана д.л. Alex Katz; д.д. 170/200

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 02872

 

Биографија:

Алекс Кац е американски фигуративен уметник, познат по неговите слики, скулптури и графики. Сликите на Кац се жанровски скоро еднакво поделени на портрети и пејзажи. Од шеесеттите години тој ги слика њујоршките пејзажи (посебно тие во неговата непосредна околина во СоХо) и пејзажите во Мејн, кадешто престојува неколку месеци во текот на годината, како и портрети на членови на неговото семејство, уметници, писатели и протагонисти на њујоршкото општество. Неговите слики ги дефинира плоснат колорит и форма, економична линија и нивниот ладен, но емотивно заводлив израз. Основен извор на инспирација се дрворезите на јапонскиот уметник Утамаро.  

Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија, во согласност со: Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Текстот во целина е достапен на: wikipedia.org/wiki/Alex_Katz

Претходни изданија