Настани Предавање на Аманда Боеткис
EN

Предавање на Аманда Боеткис

29/08/ 2022

Предавањето насловено ,,Реализам без авторитарност: Современата уметност во пост-вистината’’ се однесува на естетиката на реализмот во современaта уметност, конкретно на реализмот во ерата на пост-вистината, различно од како овој уметнички стил и политички императив се поjaваувал во текот на 19 век. Реализмот денес произлегува од филозофската традиција  втемелна во подвоеноста помеѓу она кое се појавува и условитие на посредување на тие појави низ научните инструменти и методите кои резултираат со произведување на факти. Оттаму, некои од прашањата кои ова предавање ќе ги иницира се околу можностите на реализмот денес, како и улогата на  уметноста во однос на комплексните предизвици на реалноста, фактите, вистината и претставувањето?  Преку истражување на делата на Forensic Architecture, Mona Al Qadiri, Julian Charrière и Terrance Houle, предавањето ќе овозможи приказ на современиот реализам каде се надминуваат поделеноста на субјективноста и објективноста во доменот на реалноста, особоено во ерата на пост-вистината, како и можноста во уметноста да се употребува реализмот како отпор кон авторитарноста над сликите и визуелните репрезентации.

 

Аманда Боеткис е теоретичар на современата уметност и естетика и професорка на University of Guelph, Канада. Авторка е на  значајни изданија како Plastic Capitalism: Contemporary Art and the Drive to Waste (MIT Press, 2019),  The Ethics of Earth Art (University of Minnesota Press, 2010), и книгата која ќе се објави наскоро  Ecologicity: Vision and the Planetarity of Art. Нејзиното истражување се фокусира на односот помеѓу перцепцијата и претставувањето, теориите на свеста и екологијата. Преку нејзините публикации Боеткис ги анализира сложените односи на човекот со животната средина преку призмата на естетиката. Нејзиниот актуелен проект ‘’At The Moraine’’, ги проучува начините на визуелизација на животните средини со посебен фокус на домородните територии во Северениот Поларен Круг.

Предавањето е дел од Интердисциплинарната програма насловена „Без/редие во светот на уметноста“. Автор на овој проект е Тихомир Топузовски.

МИНАТИ НАСТАНИ

МАТИНЕ

13/04/2024

Повик за учество на работилницата „Харизматични објекти“

Пријавување до сабота, 30 март 2024

Подготовка на изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕБ-ПОРТФОЛИО

Пријавување до Недела, 11 Март 2024