Изложби Тековни Следни Минати
EN

70-те и 80-те во македонската ликовна уметност

25/12 2020 - 21/09/ 2021

Изложбата е поставена во 3-та галерија на МСУ, во која се застапени дела од различни медиуми како сликарство, инсталација, до фотографија и скулптура.

Идејата на оваа изложба ги обработува проблемите на македонската ликовна сцена, како континуитет од 60-те години. Оваа изложба е дел од серијата проблемски изложби на Музејот на современата уметност (започнато во половината на 90-те години) и е фокусирана на уметниците кои ја создавале сцената во тие години и се многу важни за создавање на онаа нова сцена во 90-те години на минатиот век, бидејќи ја промовираа неочекуваната возбудлива и транспарентна ликовна сцена во Македонија, паралелите на двете децении, можен континуитет во ликовната сцена. Тоа е делот кој има за цел да ја потсети јавноста на преобразбите што беа подготвени да ги почувствуваат и доживеат овие децении, посебно во чинот на обединување на сето она што егзистира во сликарството, скулптурата, графиката, фотографијата итн. е поврзано со барањето да се ревалоризираат изминатите искуства за да се допре до самите протагонисти во новите појави.

Уметници на изложбата: Петар Мазев, Ристо Калчевски, Симон Шемов, Душан Перчинков, Томо Шијак, Евгенија Демниевска, Благоја Маневски, Родољуб Анастасов, Славчо Соколовски, Станко Павлески, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Симе Узуновски.

Куратор: Марика Бочварова Плавевска.

Глигор Стефанов, Летало над леталата, 1986/2019, објект, слама, дрво

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

КАЛДЕР: Флуидна модерност

22/02/2025 - 08/06/2025

Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции

08/04/2025 - 29/05/2025

45 години ФЛУ

03/04/2025

Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава.

28/11/2024 – 23/3/2025