Настани Предавање: Зденка Бадовинац
EN

Предавање: Зденка Бадовинац

28/03/ 2019

Збратименост: кураторството, уметноста и политиката во пост – социјалистичка Европа

“Се наоѓаме во втората декада на ХХI век во која Западот има интерес за уметноста на  ‘другите’ простори. Постојат многу причини за ваквиот развој, вклучувајќи го падот на комунизмот во раните деведесетти години, проследен со нова геополитичка ситуација во Европа, како и брз процес на глобализацијата во оваа иста декада, сето ова имајќи долгорочен ефект во промената на светската – мапа на уметноста.“

Книгата Збратименост: кураторството, уметноста и политиката во пост–социјалистичка Европа на Зденка Бадовинац (Comradeship: Curating, Art, and Politics in Post-Socialist Europe, Published by ICI, 2019, ISBN: 978-0-692-04225-0) е збир текстови комплетирани во текот на дваесет години  од различни и понекогаш тешко достапни извори, како и нови текстови на прогесивни размислувања на словенечката кураторка, директорка на музеј и експерт Зденка Бадовинац.

Бадиновац е влијателен глас во меѓународните дискусии кои ја промислуваат геополитиката на уметноста по падот на комунизмот, како гласен критичар на нееднаквите преговори помеѓу Истокот и Западот, и историчар на авангардната уметност која произлезе во социјалистичките и пост – социјалистички земји во минатиот век. Освен тоа, таа е застапник на радикални институционални форми на делување, односно музеи кои ќе одговорат на комплексноста на минатото како и сразмерно на барањата на сегашноста.

Зденка Бадиновац е кураторка, писателка, и директорка од 1990 на Модерната галерија во Љубљана која од 2011 се наоѓа на две локации: Музеј на модерната уметност и Музеј на современата уметност Метелкова. Во нејзината работа, Бадовинац ги нагласува тешките процеси на редефинирање на уметноста наспроти  авангардните традиции во склоп на современата уметност. Една од првите изложби во која Бадиновац ги потенцира овие прашања е „Телото и истокот – Од 1960-тите до денес“ (1998).  Исто така, таа е иницијатор на првата источно европска уметничка колекција, Arteast 2000+. Еден од нејзините најважни проекти е: „NSK oд Kapital дo Capital“, „Neue Slowenishe Kunst – The Event of the Final Decade of Yugoslavia“, Модерна галерија, 2015 (Изложба поставена и во Van Abbe Museum, Eindhoven, (2016), Garage Museum of Contemporary Art, Moscow (2016) и во Museo Reina Sofia, Madrid, (2017); „NSK State Pavilion“, 57-мо Венециско Биенале (2017) во ко – кураторство со Charles Esche; „The Heritage of 1989. Досие:  втори југословенски документи“, изложба, Модерна галерија Љубљана, 2017, ко – курирана со Бојана Пишкур; „Sites of Sustainability Pavilions, Manifestos and Crypts, Hello World. Revisiting a Collection“, Hamburger Bahnhof – Museum fur Gegenwart – Berlin; „Heavenly Beings: Neither Human or Anima“l, Музеј на современата уметност Метелкова, Љубљана, ко- курирана со Бојана Пишкур, 2018; Бадиновац е Словенечки комесар на Венециско Биенале од 1993 до 1997, 2005 и 2017, и Австриски комесар на Биеналето во Сао Паоло во 2002, како и претседател на CIMAM, 2010 – 2013.

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00