1901, Галичник – 1964, Скопје
Човек кој продава петел, 1935
Масло на платно, 80 х 60 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 02347
Биографија
Лазар Личеноски (Галичник, 26 март 1901 – Скопје, 10 април 1964 ) — македонски експресионистички сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот предел, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици.[1][2]
Образование
Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 г. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Високата школа за уметности и занаети (École nationale supérieure d’arts et métiers), ги посетувал ателјето на Андре Лот и академијата „Гран Шомје“ (Académie de la Grande Chaumière) од 1927 до 1929 г.
Кариера
Споменик на Лазар Личеноски на Мостот на уметноста
Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група „Облик“.
Самостојно изложувал пред и по војната (за првпат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.
Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.
Во февруари 2015 година, куќата на Личеноски, која се наоѓа во подножјето на Скопското кале, станала државна сопственост. Притоа, било предвидено куќата да биде претворена во Музеј на Личеноски, раководен од Националната галерија на Македонија.
Биографијата е позајмена од Википедија на македонски јасзик според Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Во целина биографијата е достапна на: https://mk.wikipedia.org/wiki/Лазар_Личеноски