EN

Роберт Адамс

1917, Фар Котон, Велика Британија – 1984, Грејт Маплстед, Велика Британија

 

Вертикална форма со кривина-макета, 1965

Бронза, железо, 51 x 20 x 13 см

Аквизиција: Подарок од уметникот во 1971 година

Инвентарен бр.: 01949

 

Биографија:

Роберт Адамс е британски скулптор и дизајнер, кој иако не е познат надвор од уметничките кругови, тој сепак бил сметан за еден од најистурените скулптори на неговата генерација. Во рецензијата за неговата ретроспективна изложба во Галеријата „Гимпел филс“ во Лондон во 1993 година, Брајан Гласер од магазинот Тајмаут, го опишува Адамс како „занемарен гениј на пост-воената британска скулптура“, став што го дели и Тим Хилтон во рецензијата за Сандеј индепендент, кој го рангира делото на Адамс високо над неговите современици, како Кен Армитиџ, Рег Батлер, Лин Чедвик и Бернард Медоус.

Краткиот увод во биографијата е превземен од Википедија во согласност со: Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Биографијата на англиски јазик е достапна на следниот линк: wikipedia.org/wiki/Robert_Adams

 

 

 

Претходни изданија