1936, Дуга Реса, Хрватска – 2005, Крапинске Топлице, Хрватска
Одредена количина 2, 1965 (1982)
Сито-печат на хартија, 52 х 50 см
Едиција: 75/140 сигнатура д.л.: 75/140 1965/82; д.д. Šutej
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 03361
Биографија
Мирослав Шутеј (Дуга Реса, 29 април 1936 – Крапинске Топлице, 13 мај 2005) — хрватски авангарден сликар и графичар, се смета за првенец на оптичката уметност во Хрватска. Студирал сликарство на Академијата на ликовни уметности (АЛУ) во Загреб каде имал соработка со професорот Крсто Хегедушиќ. Во 1970 година Шутеј станал професор на АЛУ. Шутеј станал редовен член на Хрватската академија на науките и уметностите во 1997 година, а претходно бил член-соработник на Одделот за ликовна уметност. Шутеј го дизајнирал современото хрватско знаме, хрватскиот грб, како и банкнотите за хрватската куна и првиот дрес на фудбалската репрезентација на Хрватска со препознатливата коцкеста шема.
Превземено од Википедија (mk.wikipedia.org/wiki) во согласност со: Attribution-ShareAlike Creative Commons License