1913, Амстердам, Холандија – 2002, Амстердам, Холандија
Црно сонце, 1951
Масло на платно, 42,5 x 48 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 01197
Биографија
Еуген Брандс е холандски сликар, ран член на авангардното уметничко движење КОБРА. Во 1946 година, Еуген Брендс учествуваше на групната изложба „Млади сликари“ во Стеделик музејот во Амстердам, каде цела просторија беше исполнета со неговите дела.
Во 1948 стана член на Експерименталната Група Холанд, а во ноември 1949 учествувал на Интернационалната изложба за експериментална уметност. Во меѓувреме, Експерименталната група стана еден од основачите на движењето Кобра, а Брандс беше еден од уметниците кој учествуваше во основачкиот став на групата, објавен во магазинот Рефлекс. Но, разликите во мислењата и разијдувањата резултираа со неговото напуштање на групата. Во 1950-те г. неговото дело беше инсприрано од детските цртежи.
Биографијата е превземена од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Англиската верзија е достапна на wikipedia.org/wiki/Eug%C3%A8ne_Brands