EN

Бранко Ленарт

1948, Птуј, Словенија

 

Тито во репродукции – Истра 2, 1981

Црно-бела фотографија, 24 x 30,5 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 03107

 

Биографија

Бранко Ленарт (1948, Словенија) е роден во бивша Југославија и на 6 години со семејството емигрира во соседна Австрија. Студира педагогија во Грац. Во 1968 станал член на авангардното уметничко здружение Forum Stadtpark, кое покасно прераснува во Camera Austria. Предавал фотографија на College of Art and Design (1979 – 2007) и на Technical College Joanneum (1996 – 2003) во Грац. Учествувал на разни уметнички резиденции, како Apeiron Workshops во Милертон, Њујорк, Ла Рошел во Арл, Франција и други во Рим, Лондон, Парис. Неговото творештво се наоѓа на средина меѓу документарна и концептуална фотографија. Своето внимание главно го посветува на маргините на општеството, било тоа да се членовите на некогашните урбани контра-култури или социјалните услови во перифериите на одредени земји. Овој фотографски жанр стана познат под називот „субјективна топографија“. 

Извор: Фотон галерија, Виена

Претходни изданија