1898, Лотон, Филаделфија, САД – 1976, Њујорк, САД
Црвен полигон, 1961
метал, црвена маслена мат боја
мобилна скулптура со променливи димензии
Аквизиција: Донација, 1964
Инвентарен. бр.: 00999
Во 1964 година, првиот директор на Музејот на современата уметност, Борис Петковски, се обрати со писмо до Калдер со молба да подари едно дело на новоформираната институција. Одговорот набрзо пристигна и во него беше потенцирана желбата за директен контакт. Така следната година Петковски го посетува Калдер во неговот ателје во селото Саше (Франција) при што се определува за еден од неговите мобили. Калдер беше изненаден од неговата скромност и му понуди уште едно негово дело – гваш кое го посвети на градот Скопје.
Биографија
Александер Калдер (22 јули, 1898 – 11 ноември, 1976) е американски скулптор познат по своите иновативни мобили (кинетички скулптури придвижени со мотор или со водушни струења) кои се базираат на случајност во нивната естетика, и истовремено по своит статички „стабили“, како и по неговите монументални скулптури за јавен и отворен простор. Калдер претпочитал делата да не се подложни на анализа, велејќи дека „Теориите може да се добри за самиот уметник, но тие не смеат да бидат достапни за другите луѓе“.
Краткиот увод во биографијата е превземен во преведена форма од англискиот текст во: Wikipedia и Attribution-ShareAlike Creative Commons License.
Целиот текст за животот и делото на Калдер може да се прочита на англиски јазик на: wikipedia.org/wiki/Alexander_Calder