Продавница Prototyping tenderness
EN

Prototyping tenderness

 

Prototyping Tenderness: A Personal Log of a Dying World е истражувачки проект на младата трансдисиплинарна дизајнерка Клелија Живковиќ. Во овој проект, како и во нејзината досегашна практика, таа се занимава со улогата на дизајнот и дизајнерот во сегашниот свет основан на акумулирање производи и нивно фрлање, а се занимава и со можностите за развој на таа негова улога во иднина. Како одговор на денешниот антропоцентричен и конзумеристички свет, таа ги нуди концептите на грижа и нежност. Човекот (човештвото) е во содејство и во врска со целиот жив и нежив свет, тој простор на допир и контакт е она што таа го вика нежност. Нè носи да ги разнежниме општествените и телесните граници и да излеземе од антропоцентричноста која овој свет го носи во пропаст. Во овој проект, Клелија поставува една постапокалиптична сценографија: денешниот свет веќе умира. Што ќе ни биде потребно за да дојдеме до светот што се раѓа?

Издавач: Private Print

Година: 2021
Димензии: 15,8х10 см
Број на страници: 112
Јазик: англиски

Цена: 600.00 MKD