Настани Димитрис Далакоглу: Презентација на „ИнфраДемос“
EN

Димитрис Далакоглу: Презентација на „ИнфраДемос“

09/11/ 2019|

„Инфраструктурниот јаз и заедничките ресурси“ е првиот од серијата настани организиран од Музејот на современа уметност во Скопје и под кураторство на Артан Садику, чија цел е музејскиот простор да се трансформира во место на „истражување“ на естетските манифестации на различните колективни практики.

Во времињата на доцниот капитализам, на тенденцијата за партикуларизација на колективите во издвоени единки, фиксни субјекти на доминантната идеологија, и се спротивставува историската неопходност од заедница. Иако се чини дека збирот од индивидуални практики денес има колективна референца, естетската форма, која е неопходна за секоја заедница е невидлива. Без таков облик на заедница, форма што овозможува разни политички содржини, практиките и натаму остануваат лишени од одредена референтна идеја.

Преку оваа серија во МСУ Скопје, ќе се обидеме да ги истражиме трагите од естетските форми на заедници што се појавуваат во регионот и во Европа. Преку презентации, дискусии и предавања за таквите практики, програмата ќе овозможи фокусирано следење на таквите естетски траги во различни контексти.

Првиот настан ќе се случи во сабота, на 9 ноември, во 18:00 часот, со презентацијата на ИнфраДемос – антрополошки проект кој ги проучува односите помеѓу инфраструктурите и иновативните социо-технолошки форми на учество што се јавуваат во рамките на инфраструктурниот јаз (ИЈ). Настанот ќе почне со проекција на краткиот филм „Атина: општествен крах“, по кој следи предавање и дискусија со учесниците.

ИнфраДемос ја истражува општествената динамика и ги проценува капацитетите (но и теоретските потенцијали) на таквите активности во поглед на изградба на општествена отпорност и трансформативни политики. Фокусирајќи се емпириски на Грција, целта му е теоретски да ги прошири наодите и вон конкретниот случај.

Во Европа, инфраструктурите се царството во кое државата и пазарот го материјализираат најголемиот дел од демократскиот општествен договор. Така, граѓаните го доживуваат ИЈ како предизвик за целата политичка парадигма. Владите денес промовираат поими на ‘Партиципативно општество’ (Холандија) или ‘Големо општество’ (Обединето кралство) како одговор на ваквата криза. Сепак, на практично и теоретско ниво, инфраструктурите се во сржта на дебатата.

Грција е во центарот на тековната криза во Европа, поттикнувајќи нови и иновативни форми на граѓанска активност фокусирана на ИЈ. Примената на практики на самоуправување и врснички практики, инспирирани од заедничките ресурси и економската солидарност, како и употребата на дигитални и други технолошки иновации, овозможуваат никнување на нови, отпорни социо-технолошки системи.

ИнфраДемос настојува да го објасни односот помеѓу ИЈ и новите форми на граѓанско учество. Се користи и со квалитативни и со квантитативни истражувачки методи, вклучително и дигитална и традиционална етнографија, компилирање бази на податоци и партиципативни истражувања ориентирани кон примена. Сеопфатната цел е да се обезбеди емпириски материјал за иновативни политики и општествено дејствување по пат на теоретизирање на редефиницијата на инфраструктурите, демократијата и општеството во рамките на тековните промени во Европа.

Димитрис Далакоглу

Димитрис е Главен истражувач и директор на Инфра-демос. Тој е професор по социолошка антропологија на Слободниот универзитет во Амстердам. Директор е на универзитетската лабораторија за Мобилност, инфраструктури, одржливост и заеднички ресурси (МИС Лабораторија). Неговите книги ги вклучуваат „Критични времиња во Грција“ (2018), „Патот“ (2017), „Бегство од криза“ (2014), “Патишта и антропологија“ (2014, 2012) и “Револтот и кризата во Грција“ (2011). Бил и соработник и советодавен уредник на Меѓународната енциклопедија на револуции и протести.

 

МИНАТИ НАСТАНИ

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.