Владимир Јанковиќ – Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите

Музеј на современата уметност

11 април, 2022, во 19 ч.

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продолжува со предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Во понеделник, 11 Април, во 19 часот  со физичко присуство ќе се одржи предавање на професорот на Универзиет во Манчестер ВЛАДИМИР ЈАНКОВИЌ.

Предавањето насловено ‘СИНТЕТИЧКИ НЕБА: СПЕКТАКЛ, ОПСКУРНОСТ И ЕСТЕТСКОТО ПОСТОЕЊЕ НА ТРАГИТЕ’ ги проучува кондезирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и   внимание на јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие не се стекнале со негативна конотација како што се другите еколошки девастирачки процеси, климатските промени, излевањето на  нафтата, растот на температурите и пожарите, како и токсичниот отпад. Предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото како естестки и еколошки показатели кои ни овозможуваат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина како процес во културата.

Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот.  Застапен е со бројни публикации кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата ‘Читајќи го Небото’ (2001) ‘Соочување со Климата’ (2010), исто така и ко-едитираните изданија ‘Интимни Универзалности’ (2009), Клима (2011) и Градски времиња (2012). Неговите истражувања се финансирани од реномирани институции и фондации како ‘UK Economic and Social Research Council’, ‘Arts and Humanities Research Council’ ‘Wellcome Trust, US National Science Foundation’ and ‘US Social Science Research Council’.   Владимир Јанковиќ е автор на телевизиската серија ‘Бури на Војната’ емитувана на Дискавери програмот.