EN

Павел Алтамер и Артур Жмиевски

Артур Жмиевски, 1966, Варшава, Полска / Павел Алтамер, 1967, Варшава, Полска 

 

Без наслов (од циклусот Полска школа на колаж), 2022

Колаж, акрилик на хартија, 100 х 70 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 05260

 

Артур Жмиевски и Павел Алтамер, во своите индивидуални уметнички кариери, спаѓаат меѓу најреномираните полски уметници. За време на заедничката резиденција во Јапонија во 2017, тие започнуваат да работат повремено на заеднички проекти со сличен карактер, кој подразбира изработка на спонтано настанати колажи со користење на различни илустрирани уметнички, медицински и други списанија или книги. Колаборативниот проект „Полска школа на колаж“ што се реализираше како резиденција од 1. до 15. јули 2022  година се одвиваше во еден од галериските простори на Музејот на современата уметност во Скопје, според веќе утврдената сатница како и во останатите нивни проекти, односно секој ден од 14 часот до полноќ и во поголемиот дел од времето со присуство на посетителите на музејот. Во текот на тие две недели заедничка работа, уметниците создадоа 30 колажи на картон со користење на акрилни бои и исечоци од стари историски книги, уметнички списанија, медицински илустрации, географски атласи, мапи, постери, фотографии, образовни графикони итн. Посетителите беа повикани да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата. Резултатот од овој процес е серија на колористички и цртачки впечатливо интегрирани претстави со користените фото-исечоци, кои истовремено може да се разберат како референци на темата на средновековниот „dance macabre“ и на настани, личности или обележја апсорбирани од  локалниот историски контекст. Колажите на крајот од резиденцијата беа изложени во истата галерија на Музејот на современата уметност од 14. јули до 25 август 2022 година: https://msu.mk/exhibition/        

 

Биографии

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации, составени од фотографија, филм и видео. Во своите дела тој го разоткрива светот на „другите“, кои често минуваат незабележани, притоа инсистирајќи на совесно учество на уметноста во општествениот живот. Тој го снима нивното секојдневие, покажувајќи како физичките и психичките ограничувања ги осудуваат овие луѓе да бидат маргинализирани во општеството. Преку експерименти со учество на избрани групи, тој се обидува да разбере тешки искуства и табу теми. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското Биенале во 2012 година. Неговите дела се вклучени во колекциите на некои од најреномираните уметнички институции во светот, како на пример Музејот на модерна уметност во Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, пи Новата Пинакотека во Минхен.

Павел Алтхамер (1967) е визуелен уметник кој живее и работи во Варшава. Работи во различни медиуми како скулптура, перформанс, инсталација, видео, а освен во однос на медумите неговите дела се разновидни и во однос на формата. Тој создава скулпторски автопортрети, се појавува во перформанси и видео, настојувајќи да ја доживее материјалноста на телото и да ги дефинира сопствените ментални граници. Преку акции во кои вклучува цели заедници, тој сака да создава општествени заедници, соочувајќи се со луѓето преку уметноста. Тој го доведува во прашање значењето на монументалните споменици според обемот на неговите дела и случајноста на неговите материјали. Во неговите дела се повикува и на социјалната скулптура на Бојс и на наследството на „Отворената форма“ на Оскар Хансен. Учествувал на најзначајните светски изложби, меѓу кои Документа 10 (1997), на Биеналето во Венеција (2003, 2013), Берлинското Биенале (2012), Skulptur Projekte Münster (2017). Добитник е и на бројни награди, како што е биеналната Награда за современа уметност во Европа „Винсент ван Гог“ во 2004 година.

1971, Сараево, Босна и Херцеговина

 

Локални глобализми, 2008

Подна инсталација со седум грамофони и сито-отпечатени винилни грамофонски плочи, приближни димензии 2,5 м2

Аквизиција: Подарок од уметницата

Инвентарен бр.: 05069

 

Биографија:

Нада Прља е визуелна уметница, чија главна цел е да влијае на општеството на најдиректен начин, предизвикувајќи го критичкиот дискурс околу прашањата на актуелната политика, национализмот, човековите права, миграцијата. Делата на Прља се однесуваат на локалните или контекстуалните специфики или тие што ги допираат определени општествени услови, што условува често во варирањето на изборот на медиум од проект до проект. Таа работи главно во инсталација, видео инсталација, жива уметност и јавна уметност; нејзината практика вклучува цртање, сликање и скулптура.

Прља е родена во 1971 година во Сараево, Босна и Херцеговина и живеела во Скопје, (1981-98 и 2014-18) и во Лондон 1998-2013 година. Таа моментално живее и работи меѓу Копенхаген и Скопје.

Делото со наслов Локален глобализам е инсталација која се состои од винилни плочи насликани со бои и симболи на различни знамиња, кои се вртат на старомодни грамофони. Музиката која се слуша на плочите е „Локален глобализам“, композиција на современиот српски бенд Врум. Изборот на знамињата на националните земји претставени во делото е Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија и Турција, според музиката најчесто емитувана на ТВ каналот „Балканика“, кој покажува дека новите групирања на државите е во формирање. Различните толкувања на овие национални симболи можат да ги откријат нашите стравови, несигурности и соништа. Како што плочите се вртат на грамофоните, станува тешко да се разликува која плоча/знаме ја претставува која земја, бидејќи тие стануваат заматени во круг од споени бои.

Извор: https://nadaprlja.com/

1981, Зволе, Холандија

 

Нови сојузи, 2016/2019

Инсталација, променливи димензии

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 05196

 

Биографија

Јонас Стал (Холандија, 1981) е визуелен уметник чиишто дела се однесуваат на врската помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Тој е основач на Уметничката и политичката организација „Нов светски самит“ (2012 година–тековно). Заедно со драматургот и куратор Флоријан Малзахер тој го води кампот за обука „Обука за иднината“ (2018 година – тековно), а со  адвокатот за човекови права Јан Фермон ја иницираше колективната правна акција „Collectivize Facebook“ (2020 година-во тек). 
Заедно со писателката и адвокатка Рада Д’Соуза го основале „Судот за меѓугенерациски климатски злосторства“ (2021 година –тековно) и заедно со Лори Прувост се ко-администратори на „Obscure Union“. Неговите изложбени проекти ги вклучуваат „Уметност во државата без државјанство“ (Галерија Модерна, Љубљана, 2015 година), „По Европа“ (State of Concept, Атина, 2016 година), „Шкотско-европскиот парламент“ (CCA, Глазгов, 2018 година) и „Музејот како Парламент“ (заедно со Демократската самоуправа Рожава, Van Abbemuseum, Ајндховен, 2018 година -во тек), „Војна на изумирање“ (Со Рада Д`Соуза, Гванжу Музеј на уметноста, 2023 година) и „Станица Пропаганда“ ( НУ Музеј на современата уметност, Скопје, 2024 година). Неговите проекти се нашироко изложувани. како на пр. во Музејот Stedelijk во Амстердам, M_HKA во Антверпен, Музејот модерна во Стокхолм и Уметничкиот центар Nam June Paik во Сеул, како и 7 Берлинско биенале, 31 Биенале во Сао Паоло и 12 Биенале во Тајпеј. Дел од неговите публикациите ги вклучуваат „Стив Банон: Ретроспектива на пропаганда“ (Het Nieuwe Instituut, 2018 година), „Пропагандна уметност во XXI век“ (The MIT Press, 2019 година) и „Прирачник за обука за иднината“ (со коуредник Флоријан Малзахер, Sternberg Press, 2021 година). Стал ја завршил докторската теза за пропагандна уметност на Програмата PhDArts на Универзитетот Лајден, Холандија.

Уметнички колектив формиран во 2003 година

 

Созревање со музејот (Becoming With the Museum), 2017

Видео, 39’11”

Аквизиција: Подарок 

Инвентарен бр.: 05197

 

Видео делото од рускиот колектив го документира процесот во кој „Что Делат“ работат со група млади уметници и создаваат перформанс, кој го прикажува односот на учесниците со избраните уметнички дела од колекцијата на МСУ. Делото го поврзува макронаративот на различните уметнички дела (кога и како се создаваат, нивното општествено значење) со микронаративот на секој изведувач, кој преку своето тело и лирски текст го објаснува односот со избраното делото. Делото е освежувачко мапирање на музејот и историјата на младата генерација што го активира трансформативниот потенцијал на музејот. Колективот „Что делат“ (Што да се прави?) има за цел да ги спои политичката теорија, уметноста и активизмот. „Что делат“ се залагаат за еднаквост на сите луѓе, борејќи се против различните форми на патријахатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку: филм, театарски претстави, радио програми, мурали, јавни кампањи и семинари.

„Откако се запознавме со Музејот на современата уметност во Скопје, се заљубивме во неговиот простор, врската помеѓу внатрешноста и надворешните глетки, неговата слоевитост и се разбира, неговата единствена колекција. Ја искористивме можноста перформативно да работиме во просторот, откривајќи ги овие инспирации.

Музеите се простори во кои среќаваме различни уметнички дела, собрани и изложени на едно место, кои на гледачот му нудат разноликост на искуства. Музеите се создадени да ги засилат овие искуства. Музејот на современата уметност во Скопје со својата точка на гледање над градот е еден од најдобрите примери за ова, чии елегантни цементни површини ни помагаат да ги почувствуваме и доживееме делата достоинствено, како што им прилега.

Работевме пет денови во овој неверојатен простор со група од 5 млади уметници и создадовме перформанс низ изложбениот простор, кој ја обзнанува врската помеѓу овие уметници и одбраните дела. Сакавме да ги поврземе микро-наративите на делата (кога и како се создадени, кое е нивното значење итн) со микро-наративите на секој од младите уметници, кои беа предизвикани со нивните тела и текст да го објаснат својот однос кон овие дела, создавајќи трансформирано и освежено мапирање на Музејот и историјата на помладата генерација, кои го активираат потенцијалот за трансформирање кој се содржи во него.”

Биографија

„Что делат?“, сега познат како „Что делат“, е колектив на уметници, критичари, филозофи и писатели. Нивното име се однесува на романот на Николај Чернишевски „Что Делат?“ и истоимениот памфлет на Владимир Ленин. Колективот е основан во 2003 година во Санкт Петербург, Русија, каде што сè уште е со седиште.

Има девет основни членови, кои доаѓаат од Москва, Нижни Новгород и Санкт Петербург: Олга Егорова ака Цапља (уметник), Нина Гастева (кореограф), Артеми Магун (филозоф), Николај Олејников (уметник), Алексеј Пензин (филозоф ), Наталија Першина-Јакиманскаја ака Глукља (уметник), Александар Скидан (поет и критичар), Оксана Тимофеева (филозоф) и Дмитриј Виленски (уметник).

The biography is from Wikipedia under the Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Entire entry wikipedia.org/wiki/Chto_Delat_(art_collective)

1965, Germany

 

Сина конекција 2, 2020

Комбинирана техника на дрво, 20 х 20 х 2 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 05199

1965, Ешенбах, Германија

 

Грета, 2021

Фотографија, колаж, 29,6 х 21,3 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 05298

1981, Дијарбекир, Турција

 

Живи суштества запоседнуваат институции (Куче Вајмаранер од Музејот за ликовни уметности во Бостон), 2020

Гипс, 105 х 157 х 74 см

Аквизиција: Подарок од уметникот

Инвентарен бр.: 05225

1933, Гунцље, Словенија – 2016, Преболд, Словенија

 

Порака, 1964

Акрилик и масло на платно, 140 х 140 см

Аквизиција: Подарок

Инвентарен бр.: 00371

 

Биографија

Јанез Берник е повеќекратно наградуван и меѓународно признат словенечки сликар и академик. Берник беше вешт уметник кој постигнуваше одлични резултати во сликарството, скулптурата, графичкиот дизајн, илустрациите, таписеријата, дизајнот на книги и во поезијата. Негови графики се наоѓаат во бројни светски галерии и збирки.

Извадокот од биографијате е од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Во целина, биографијата е достапна на wikipedia.org/wiki/Janez_Bernik

1987, Фиер, Албанија

 

Мала куќа, доме сладок доме, 2014

350 гипсени и со акрилик боени куќи, секоја 5 х 5 см

Аквизиција: Подарок од уметникот

Инвентарен бр.: 5277

1928, Хартфорд, САД – 2007, Њујорк, САД

 

Прави линии во четири насоки и сите нивни можни комбинации (IV), 1973

Бакропис на хартија, сет од 15 графички листови, секој 26,7 х 26,7 см

Едиција од 25 копии со 10 а.о.; Издавач: Parasol Press, Ltd., New York, Печатар: Crown Point Press, Oakland; сигнирано на позадината на секој лист: Lewit S

 Аквизиција: Подарок

 Инвентарни бр.: од 03154 до 03169 (03157)

 

Биографија

Соломон „Сол“ ЛеВит е американски уметник кој се поврзува со концептуалната уметност и минимализмот. ЛеВит стана познат во доцните 1960-ти години со неговите ѕидни цртежи и „структури“ (термин што тој го претпочиташе наместо „скулптури“), но беше плоден во широк спектар на медиуми, вклучувајќи цртање, графика, фотографија, сликарство, инсталација и уметнички книги. Тој е предмет на стотици самостојни изложби во музеи и галерии ширум светот од 1965 година. Првата биографија на уметникот, „Сол Левит: Животот од идеи“, од Лари Блум, беше објавена од Веслејан Универзитетскиот Прес во пролетта 2019 година.

Краткиот увод во биографијата е превземен од англиската Википедија според лиценцата Attribution-ShareAlike Creative Commons License.

Текстот во целина е достапен на: wikipedia.org/wiki/Sol_LeWitt