Изложби Тековни Следни Минати
EN

Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил

28/05/2024 - 02/09/2024

Интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје.

Кураторки: Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. 

Изложбата ќе се отвори во вторник, 28 мај, со почеток во 20 часот.

Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашања: Кои значења и пораки се својствени за ткаенините? Каква е нивната културна важност? На кој начин можат да се „прочитаат“? Што пренесуваат ткаенините за нивното потекло, значења и општествени улоги? Кои традиционални текстилни техники уметниците ги апроприираaт, издвојуваат, релоцираат и враќаат во живот? Текстилот претставува локус во кој уметноста, доаѓа во допирна точка со рачните изработки, традицијата се среќава со сегашноста, а локалното познавање се испреплетува со глобалните односи.

Изложбата ги истакнува бројните комплексни начини на работа со текстил на уметниците – учесници. Личните и естетските наративи се поврзани со општествените и економските конфигурации во глобалниот свет. Во 1965 година, Баухаус уметницата Ани Алберс го опиша „настанот од една нишка“ како мулти-линеарен, без почеток или крај: во главно, неговото значење е постојан простор за преосмислување на односите и преструктурирање на врските и контекстите. 

Уметницата Џудит Раум го создаде „Просторот Баухаус“, инсталација посветена на Баухаус работилницата за ткаење. Се среќаваме со преткаени материјали и историски платна во специјално дизајниран дисплеј, преку кој се раскажува извонредно успешната приказна во шест поглавја. 

Сведоштва за комплексните записи на текстилот врежани во културната и индустриската историја се среќаваат на секој агол од светот. Во политичка клима обележана со студенило и суровост, ткаенините имаат моќ да евоцираат спомени од некогашни потопли, похумани времиња, да потсетат на вредноста на рачната работа, да повикаат на емпатија и солидарност. Оттука, во соработка со современи домашни уметници, основната поставка од изложбата е надополнета со уметнички дела, кои создаваат нови наративи значајни за текстилот во локалниот контекст и нивниот ангажиран одговор на различни состојби на опресија, системска, но и интерперсонална.

Делата од колекцијата на МСУ Скопје пак, во овој контекст се изложени не само како сведоштва за живите искуства и сеќавања произлезени од земјотресот, туку и како силен потсетник денес за потребата од прекинатите нишки на глобални мрежи на поддршка и емпатија кои трагичниот настан на лична и колективна загуба го трансформираат во модел на транснационална солидарност.

Уметници: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ;

заедно со инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: S.T.I.F.F.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ-Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.

Изложбата е поддржана од Германската амбасада – Северна Македонија и Гете институтот – Северна Македонија и Тиквеш.

 

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024

Албан Муја - Линијата што избледнува: Приказни за работ на легалноста

07/06/2024 – 28/08/2024