06/04/ 2023 - 28/05/ 2023
Биеналето на млади уметници, кое Музејот на современа уметност – Скопје со повремени прекини го организира од 1987 година е една од најзначајните и највиталните манифестации за современа уметност во Македонија. Основната цел на Биеналето е да ги открие, афирмира и критички да ги артикулира креативните и инвентивни уметничките процеси и практики.
„БУДЕЊЕ“ е темата на новото, 14. Биенале на млади уметници, кое оваа година добива уште поширок меѓународен карактер, со учесници од Италија, Романија, Норвешка, Србија, Австрија, Белгија, Албанија, Унгарија, Косово, Црна Гора, Шведска, Словенија, Турција. Музејот на современата уметност ќе назначи жири комисија, која доделува награда за најдобро авторско дело во вид на самостојна изложба што се реализира во наредната година по одржувањето на Биеналето.
Една од значајните новини на изложбата е едукативниот центар чија цел е во генерирањето знаење, да го поттикне етаблирањето на младите уметници на современата уметничка сцена и да ги препознава и развива нивните потенцијали. Оттука, проектот освен изложбена има и едукативна и програма, со која низ редица активности ќе ги препознае младите автори, ќе им овозможи да стекнат соодветно знаење, ќе ги инволвира во процес кој ќе ја профилира нивната работа и ќе им помогне во нивното натамошно ангажирање и претставување пред јавноста.
На 14. Биенале на млади уметници ќе учествуваат 38 уметници, делумно по избор на кураторите на годинешната изложба, и делумно на јавниот конкурс објавен летото 2022 година:
Клелија Живковиќ, Симона Манчева, Јулија Кастелучи, Ана Јовановска, Игор Таневски, Јана Николовска, Јулија Манојловска, Риџет Ферати, Славица Танеска, Ана Трајковска, Серхат Емрулаи, Елена Гелева, Ива Станковска, Лумтурие Крашниќи, Герта Ксаферај, Ана Ликар,Наџа Крачуновиќ, Аријана Кадиќ, Малина Монча, Милан Кујунџиќ, Сара Танасковиќ, Сара Мускалу, Рино Даути, Ујхази Адриен, Жозефин Остлунд, Фатима Моалим, Јируи Фанг, Милена Галици, Чади Реда, Ана Лехбаумер, Ананда Серне, Габриеле Гандини, Николо Масини, Мануел Този, Јован Јосифовски, Надица Дојкоска, Шофу Вонг
Куратори на 14. Биенале на Млади се Никола Узуновски, Ива Димовски и Бојана Јанева
*Насловна фотографија: Наташа Неделкова, „Ткива на идентитет“, видео, 2020; делото на НаташаНеделкова е една од трите награди на 13. Биенале на млади уметници, 2020
Современи екосистеми: истражување помеѓу уметност и екологија во Северна Македонија
08/10/ 2022 - 26/10/ 2022
Јана Јакимовска: Ретро-телесни ретроспективи
23/09/ 2022 - 05/10/ 2022
Пркосни слики
16/09/ 2022 - 27/09/ 2022
Симон Узуновски: Пат за Волкодери - Ретроспектива
13/09/ 2022 - 25/10/ 2022