Изложби Тековни Следни Минати
EN

Нада Прља, Субверзија во црвено на 58. Биенале во Венеција

08/05/ 2018 - 25/11/ 2018

На 8’ми мај 2019 во Palazzo Rota Ivanchich во Венеција со перфомативното уметничко дело ЦРВЕНА ДИСКУСИЈА беше отворен македонскиот павилјон на 58-та меѓународна уметничка изложба на Биеналето во Венеција.

Република Северна Македонија беше претставена со Субверзија во црвено, самостојна изложба на уметницата Нада Прља во организација на Музејот на современа уметност – Скопје.

Комесар на македонскиот павилјон на Беналето во Венеција е Мира Гаќина, директор на Музејот на современата уметност – Скопје.

Куратор на проектот е Јованка Попова, куратор во Музејот. Куратор соработник е Тевж Логар – независен куратор од Словенија и Артан Садику, соработник теоретичар.

Како одговор на генералната тема на венециското биенале „Да живеете во интересно време“, избрана од кураторот Ралф Ругоф, проектот на Нада Прља Субверзија во црвено има за цел игриво да ја стимулира потрагата по алтернативни форми на уметнички и социо-политички формации, преку повторно прегледување на специфични концепти и општествени модели од минатото, преку интердисциплинарна изложба во која инсталации и перформативни практики постојат заедно, давајќи визуелна форма на теорискиот пристап и современоста на македонскиот уметник.

Како реакција на загриженоста на Ругоф за актуелните состојби, проектот на Прља поттикнува враќање кон “заборавените” идеи за идеализмот и идеологијата, како вид на мотивација за современото општество. Таа предлага повторното читање и де/ре-конструкција на постулатите на марксистичката теорија и левичарската мисла, со цел да се пронајде нивната компатибилност со денешното општество, преку воведување на суштински субверзивни квалитети и игривост од уметничката практика како начин за индиректно да се влијае врз реалноста.

Во дијалог со историско и културно значајната архитектура на Palazzo Rota Ivancich, која одразува ера која пропаѓа, изложбата предизвикува многу нови значења. Проектот користи различни уметнички и не-уметнички методологии, вклучувајќи ја Црвената дискусија II, експериментален настан во живо со неколку современи мислители и куратори ангажирани во трансформативни практики, меѓу кои Чарлс Еше, Маурицио Лазарато, Влад Морариу (модератор), Шантал Муфе, Лаура Раикович, Артан Садику, кои заеднички ќе се обидат да најдат излезни стратегии од сегашните услови на социјална несигурност и експлоатација, преку дефинирање на алтернативни услови за “интересното време” во кое живееме.

Изложбата исто така ја вклучува Суптилна субверзија, инсталација која редефинира серија на историско значајни уметнички дела од 1960-тите кои се имаат обидено да ја избегнат строгата рамка на социјалистичкиот реализам преку нивниот модернистички пристап. Избраните дела се од колекцијата на МСУ Скопје, колекција на уметност и музеј основани на поимот на Солидарност, еден од клучните постулати на левичарската мисла и клучна аспирација на овој проект. Субверзија во црвено не поддржува радикална револуција, но наместо тоа предлага дека промена може да се достигне преку уметнички акции и субверзија на теории, приод кој ја поттикнува идејата дека сè е поврзано и соединето.

Изложбата е придружена со есеи од главните теоретичари и куратори, вклучувајќи и препис на Црвена дискусија I, Фондација Калверт 22, Лондон, 2013 со Дејв Буч, Хана Блак, Гејл Деј, Марк Фишер, Влад Морариу и Нина Поуер.

Учесници во изведбената дискусија:

Чарлс Еш е директор на музејот Van Abbe во Ајндховен, куратор и истражувач.

Маурицио Лазарзато е социолог, филозоф, независен истражувач и еден од уредниците на Multitudes.

Шантал Муфe е политички теоретичар. Таа е професор на Одделот за политика и меѓународни односи на Универзитетот Westminster.

Влад Морариу е куратор, истражувач и предавач на Универзитетот Middlesex.

Лаура Раиковиќ е писател и уметник, поранешен претседател и извршен директор на музејот во Квинс, Њујорк.

Артан Садику е истражувач и теоретичар, со докторат по филозофија.

Проектот се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и благодарение на поддршката од Монозеро, Фејдом, Завар, Адинг, СИА Галери, The Link PR Network, Тиквеш, Лудус, Еуролинк, PlaceMakers, Fx3x, OPA фондација, Dumbo Desing Studio, Saint Gobain, Rigips, Planet Scrl, cubo srl, Farmahem, Катрина Реитман, Пинар Ајвас, Роберт Јанкуловски, Ана Лазаревска.

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

Фото: Ана Лазаревска / Photo: Ana Lazarevska

фото: Роберт Јанкулоски / photo: Robert Jankuloski

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024