Изложби Тековни Следни Минати
EN

Симон Узуновски: Пат за Волкодери – Ретроспектива

13/09/ 2022 - 25/10/ 2022

Симон Узуновски е клучна фигура на новата уметничка практика во Македонија во 70-тите години на минатиот век. Во неговите концептуални проекти тој ги напушта ликовните средства на традиционалните уметнички дисциплини и користи исклучиво фабрикувани, секојдневни предмети и материјали. Неговите уметнички проекти до 1984 година се одвивале во простори и амбиенти надвор од професионалните галериски установи: аулата на Филозофскиот факултет, подрумски простории и на улица. Проектите се профилирале како просторни и амбиентални асоцијативни инсталации или се развивале процесуално како дела во прогрес. Можеби најзначајниот модус во концептуалниот приод на Узуновски била социјалната димензија во изведбата на неговите проекти преку активно вклучување на затекнатата публика, негови колеги и пријатели во случувањето и одвивањето на изведбата на „делата“. Активната партиципација на публиката претставувала доминантно кредо на неговиот перманентен перформативен активизам во реализација на концептот на отворено дело како социјален настан, случување, аспекти на уметничко дејствување  актуелни и провокативни и за сегашните културни и уметнички состојби.

„Ретроспективната изложба на Узуновски има за цел не само историографски-ретроспективно да го презентира неговото творештво, туку и теоретски да ја осветли неговата исклучителна појава. Фокусот на изложбата е сепак насочен на најзначајниот за него период на седумдесеттите години на ХХ век, период, кога на локалната сцена, како дел од  југословенскиот културен простор, продираат алтернативните уметнички практики. Симон Узуновски е клучната фигура на овие нови уметнички практики во нашата средина. Со своето уметничко дејствување, Узуновски отвори еден сосема инаков пристап кон сфаќањето на уметноста, со што беа доведени во прашање воспоставените конвенционални јазични и естетски нормативи на традиционалните ликовни дисциплини“, велат кураторите на оваа поставка.

Во поставката се застапени повеќе од 100тина објекти, фигурини, колажи, цртежи, асамблажи и апликации изведени со леплива лента или селотејп, материјал по кој е најчесто препознатливо делото на Симон Узуновски. Неповторливите, ефемерни инсталации, перформанси и акции со кои Узуновски инволвира широк круг пријатели, колеги, познаници и публика во создавањето или изведбата на повеќе негови дела ќе бидат претставени со обемна фото документација, која истовремено ќе го прикаже и времето на 70те години и ентузијазмот и енергијата со кои Узуновски успеваше заразно да ја шири идејата за демократизацијата на уметноста и нејзиното приближување со манифестациите на секојдневниот живот.

 

Симон Узуновски (1949-2019) беше активен на сцената речиси 50 години, а повеќе години работел и живеел на италијанскиот остров Капри. Најрадикалните уметнички пробиви, Симон Узуновски ги оствари во втората половина на 1970-те години со реализацијата на редица изложби, акции и партиципативни просторни инсталации, како тие во аулата на Филозофскиот факултет (1977 и 1978 година) во рамките на активноста на Естетичката лабораторија, потоа во галеријата Кора (1977 година), уличната акција (1977 година) и легендарната изложба/инсталација во подрумскиот простор на улицата „Максим Горки“ (1978 или 1979 година). Во 1984 година учествува на изложбата „Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија“, одржана во Домот на младите „25 Мај“, Скопје. Истата година ја реализира својата самостојна изложба/амбиентална инсталација во Домот на младите „25 Мај“. Во 1994 во Музеј на град Скопје е прикажано неговото дваесет годишно творештво, а во 1995, 1996 и 1997 година учествува на изложбите Чифте амам. Од  2003 година зачестува неговото присуство во Музејот на современата уметност кога е дел од проектот „Идеја-тека“ (Избор на документи од концептуалниот дискурс во Македонија), „Невидливиот пејзаж“ 2013 година, „Солидарноста-недовршен проект“ (Постојаната поставка), 2014 година и „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и во 80-те“, 2020 година. Со својата неуморна енергија, подготвеноста за акција и отвореноста кон вклучувањето во современите уметнички текови, Узуновски и во изминтиве години беше присутен во алтернативните пробиви на дел од помладите генерации уметници, собрани околу неформалното колективно дејствување, иницијативата  „Кооперација“ и нивната активност свртена кон критика на институционалната и идеолошки и политички детерминирана културна политика.

Узуновски беше еден и од првите соработници на сценографот Крсте Џидров-Џиби, од крајот на 70-те и во текот на 80-те години. Тие заедно работеа на 15-тина сценографии, а десеттото издание на Млад отворен театар – МОТ беше отворено токму со нивна заедничка изложба.

 

Куратори на проектот се петмина историчари на уметноста: Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски, блиски пријатели на Узуновски и директни сведоци на неговото делување уште од 1970те години. Соработници во реализацијата: вишиот кустос Благоја Варошанец, конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска и архитект Крсте Џидров.

 

Поставката се реализира со поддршка на Министерството за културна на Северна Македонија и ЕВН – Македонија.

 

Асемблаж (Птица) 1976, селотејп, пластика /Assemblage (Bird), 1976, Sellotape, plastic

Уличен перформанс, 1977 / Street Performance, 1977

Галичица, 1977, инсталација во аулата на Филозофски факултет Скопје / Galichica, installation at the University in Skopje

Иво Вељанов, Симе со буриња на отпад, 1977, објавено со дозвола на авторот / Ivo Veljanov-Cici, Sime with Barrells at a Junk Yard, 1977; courtesy of Ivo Veljanov-Cici

Самостојна изложба во подрумот на Ранчо, колега и пријател, 1978-1979 (?) /Solo exhibition at the basement of Rancho, a friend of Uzunovski,1978-1979(?)

Без наслов, 1976, селотејп на стакло, 60x40 / No Title, 1976, Sellotape on glass, 60x40cm.

Преспа, 1976, шперплоча од врата, пластични кеси со вода, 90x200cm. / Prespa, 1976, plywood from a door, plastic bags, water, 90x200cm

Без наслов, 1976, селотејп на хартија, 70x100cm. / No Title, 1976, Sеllotape on paper, 70x100cm.

Серија Белешки за домашни набавки, 1976-1979 / Series of Notes for Home Supplies, 1976-1979

Без наслов (од серијата Ливади) /No Title (from the Meadows series)/1976/Селојтеп и графит на хартија/sellotape and graphite on paper/59,5х82,5

Без наслов/No Title/1976(?)/селотејп на хартија/Scotch tape on paper/61,5х46

Без наслов/No Title/1976(?)/селотејп на хартија/Scotch tape on paper/70x100

Симе во ателје/Uzunovski in his studio

Марија, 1977, селотејп /Maria,1977, Sellotape

Без наслов (Марија), 1985(?), масло на платно, 50х40 / No Title (Maria), 1985(?), oil on canvas, 50х40

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата со Без наслов, 1976, селотејп на стакло, 60x40 / No Title, 1976, Sellotape on glass, 60x40cm / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата со Пиргон, 1976, шпер плоча, гумено црево, 90х200 см. / Installation view with Pirgon, 1976, plywood, rubber hose, 90x200cm.

Изглед од изложбата со Галичица, 1976, шпер плоча, гумено црево, каната од моторно масло, 90х200 см. / Installation view with Galichica, 1976, plywood, rubber hose, plastic motor oil can, 90x200cm.

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

Изглед од изложбата / Installation view

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Современи екосистеми: истражување помеѓу уметност и екологија во Северна Македонија

08/10/ 2022 - 26/10/ 2022

Јана Јакимовска: Ретро-телесни ретроспективи

23/09/ 2022 - 05/10/ 2022

Пркосни слики

16/09/ 2022 - 27/09/ 2022

Симон Узуновски: Пат за Волкодери - Ретроспектива

13/09/ 2022 - 25/10/ 2022