Изложби Тековни Следни Минати
EN

Подарени дела од ЧехоСловачка

30/10/ 2018 - 10/02/ 2019

Во една вака иницирана поставка односно селекција реално се наметнуваат некои правила поттикнати од проблемските блокови на невообичаената презентација. Веднаш се отвора и се профилира дилемата – зад што стои организацијата на оваа изложба, кога во самиот почеток е прифатен конвенционалниот често применуван наслов „Подарени дела од Чехословачка“, а истовремено се инфилтрира една „игра“ чии податоци главно имаат определени историско-политички димензии. Затоа можеме да се дистанцираме од нив бидејќи за нас, сепак, се поважни уметничките аспекти. Сепак, акцентот е ставен на годината кога е формирана заедничката држава Чехословачка, 1918 година што значи годинава е 100-годишнина, но не како заокружена прослава на бившата заедничка држава, бидејќи во 1993 година по мирен пат тие се разделија во Чешка Република и Словачка Република.

Во сите наброени околности најбитно е што изложбата е предизвик на отворање на можноста за анализа на повеќе моменти. Би започнале со оние што логично се врзани за последните децении на минатиот век. Тие ги третираат социополитичките промени во Европа, години што влијаеја врз уметноста и културата генерално. Во оваа смисла елаборацијата се темели врз историскиот однос Исток-Запад, што неминовно ги маркира перспективите на затекнатите состојби.

Со намера поцелосно да ги допреме уметничките настани во овие сега одвоени држави неопходно е да се земат предвид сите фази и реални процеси на развојот на повеќе генерации на модерните, но и на современите уметници. Оваа констатација нè оддалечува од симплификуваните работи, од онаа современа продукција што ги следи политичките реформи. Познавајќи ја релативно реалната историска ситуација на Чехословачка, особено наметнатоста кон мистифицирање на односот на официјалната уметност и на државните институции во периодот на владеењето на комунистичкиот режим неминовно се вклучи и т.н. алтернативна, неофицијална уметност што го иницираше централниот мотив на појавените преобразби. Во периодот на очекуваната транзиција и одбегнувањето на директната конфронтација со советскиот режим, особено за време на Прашката пролет 1968 год. (со ова се одбележува и нејзината 50-годишнина), Националната галерија во Прага се реши да одвои важен дел од сопствената релевантна колекција (12 дела), за да ја дополни тогаш младата колекција на МСУ, Скопје. (денес во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка)

Куратор на изложбата: Марика Бочварова Плавевска

Емил Фила, Мртва природа, 1926, масло на платно, 45х53см / Emil Fila, Still Life, 1926, oil on canvas, 45x53cm

Јозеф Јанкович, Последната вечера, 1966, објект, 94x 82x70cm / Jozef Jankovic, The Last Supper, 1966, object, 94x 82x70cm

Јан Штурса, Пубертет, 1905, бронза, 84х23х10 / Jan Stursa, Puberty, 1905, bronze, 84x23x10

Честмир Кафка, Земја, 1962, комбинирана техника на лесонит, 121х154 / Cestmir Kafka, Earth, 1962, mixed media on masonite, 121x154

Јиржи Андерле, Без наслов, 1981, бакропис, сува игла, а.о., 80х60см / Jiřzi Anderle, Untitled 1, 1981, etching, dry point, a.p. , 80x60cm

Војтех Прајсиг, Кула на карпа, 1906, акватинта и бакропис, 39,5x29,5cm / Vojteh Preisig, Tower on the Rock, 1906, aquatint, etching, 39,5x29,5cm

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024