04/10/ 2023 - 09/10/ 2023
Проектот „Пејзаж на вознемиреност“ е резултат на неколкумесечното истражување што се однесува на Република Северна Македонија како една од земјите на Западен Балкан, кои претставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред сѐ, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија на населението. И низа други фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.
Изложбата „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Северна Македонија“ ја градат фотографии од единаесет жешки точки лоцирани од професорот Трајче Стафилов и кои се однесуваат на конкретни локации на активни и затворени индустриски објекти кои генерираат отпад и ја загадуваат животната средина со тешки метали. Единаесетте жешки точки се рангирани по опасност на овие жешки точки, а критериумите се количеството на отпадот што го создаваат, токсичноста, колку локацијата е блиску до населено место, концентрацијата на опасните хемикалии во отпадот, во каква форма се и други фактори.
Во рамки на изложбата e и публикацијата ’Пејзаж на вознемиреност: култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени’, како и предавањата на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски.
Фотографиите се во авторство на Денис Сарагиновски а целоиот настан е продуциран во соработка со кураторката Ивана Васева. Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024