Изложби Тековни Следни Минати
EN

Конекции во колекциите – италијански и македонски паралели

27/09/ 2018 - 25/02/ 2019

Изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност-Скопје. Повеќето од овие дела во себе носат различни социјални, економски, културни предзнаци и историски белег од времето кога се создадени, но една од универзалните карактеристики на модернизмот е подеднаквиот ентузијазам со кој уметниците од двете земји пристапуваат кон раскинување на врските со дотогашните ликовни предлошки и приклучување на панорамата на стилските развои во светската уметност.

Во изложбата се вклучени две значајни колекции во Музејот на современата уметност: италијанската, која ги вклучува делата на Алберто Бури, Енрико Бај, Корадо Каљи, Ренато Гутузо, Ѓузепе Капогроси, Еторе Кола, Никола Карино, Лука Патела, Виторе Барони, Франко Фонтана и други; и македонската колекција меѓу кои се делата на Петар Мазев, Душан Перчинков, Петар Х. Бошков, Симон Шемов, Танас Луловски,  Ордан Петлевски, Кирил Гегоски, Ирена Паскали, Борис Шемов и др.

Оваа транс-историски конципирана изложба, заснована на индивидуален кураторски избор, прави и извесни исчекори од модернизмот, следејќи ги подоцнешните дела од колекцијата според одредени ликовни аналогии и контекстуализации. Во нив делата на места резонираат себе-објаснувачки и врската меѓу нив е брза и отворена, но за некои од нив е потребно попроникливо читање на тематската или стилската поврзаност.

 

Куратор: Бојана Јанева-Шемова

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Откривања: Дела од шпанската колекција

14/10/2024 - 03/11/2024

Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски

26/09/2024 - 17/11/2024

СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација

5/09/2024 - 5/11/2024

НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко

5/09/2024 - 5/11/2024