27/09/ 2019 - 2710/ 2019
Музејот на современата уметност – Скопје, за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, Република Грција.
Во МСУ се изложени дела од 16 автори меѓу кои: Филипо Берта, Џејмс Бридл, Фенја Коцопулу, Курјаки Гони, Владан Јеремикј и Рена Радл, Маида Хтари, Маријана Ињатаки, Олег Мавромати и Борјана Роса, Виџинија Мастројанакис, Елени Милонас, Наташа Пападопулу, Марилу Понсин, Виви Циога, Ира Валдрон, Евангелија Баздекис, Александрос Пломаритис.
„Возбудени сме што со музејот во Солун успеавме да воспоставиме блиски врски и што со заднички сили можеме да продуцираме значајни проекти. Нашата географска близина од Музејот на современа уметност во Скопје до Музејот на современа уметност во Солун е потенцијал што мораме да го искористиме. Живееме во регион кој претрпе и продолжува да страда од последиците на национализам и транзиција, бурни социо – политички промени. Соработките нè зближуваат, а изнаоѓањето заеднички решенија и доаѓање до нови и ефективни модели на соработка се рефлектира и во програмските активности на двата музеи, и во можноста за нови идни институционални билатерални соработки“ истакна директорката на МСУ во Скопје, Мира Гаќина.
Кураторката на изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“, Сираго Цијара вели: „Уметниците, кои се учесници во постановката даваат критички осврт на наивната сигурност на основната дистинкција помеѓу постоењето и неговото измислување, помеѓу реалното претставување и фалсификувањето. „Реалноста“ на меѓучовечкиот однос е нарушена и одново воспоставена, во согласност со имиџот, маската и идеалниот модел што го конструираме за самите себе. Поради тоа и дигиталните медиуми, како фотографијата, интернетот, видеото и перформансот се користат во толку голема мера при визуелните претставувања на самиот себе“.
На отворањето на изложбата во Скопје присуствуваа: Сираго Цијара, кустос на изложбата и в.д. директорка на МОМус-Експерименталниот уметнички центар и в.д. директорка на МОМус-Македонски музеј на современата уметност и на Збирките на Државниот музеј на современа уметност; асистент-кустосите Домна Гунари и Ерини Папаконстантину; Андреас Такис, претседател на Административниот дел на Управниот одбор на МОМус; и Марија Цацаноглу, в.д. директорка на МОМус-Музеј на модерната уметност-Колекцијата Костакис.
Составен дел од изложбата се и живите перформанси на уметниците Александрос Пломаритис, Томас Дијафас, Ева Мацику, Нефели Сани, Рена Радл и Виви Циога.
Програма: Сабота 28. 09. 2019
Во 19,00 – Томас Дијафас: „Во сеќавање на моите капитилистички љубовници“, 40 минутен перформанс;
20.15 часот – Александрос Пломаритис: „Сакај ме, те молам“, 60 минутен перформанс;
22 часот, се до полноќ – Електронска музика и аналогни инструменти во дигитален свет:
Диџеј Димитрис Ангелис;
ИЛИ и Тоцуко, настап во живо
“Ја скршив вазата“, настап во живо
Изложбата е во организација на МОМус-Експерименталниот уметнички центар, кој е дел од Метрополитен организацијата на музеи на визуелната уметност, МОМус Солун.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024