19/09/ 2018 - 28/10/ 2018
Нештата што не опкружуваат и со кои сме во некаков вид на односи, оставаат во нас емотивна трага.
Колку и да сме индиферентни кон одредена работа или пак субјективно заинтересирани, на крајот сѐ може да се сведе на две категории: на нашиот позитивен или негативен став. Низ позитивна призма го гледаме сето она од што не сакаме да се ослободиме, она со што се опкружуваме, што го собираме и претрупуваме, градејќи слика за себе.
Другото, што од каква било причина не ни се допаѓа и го сметаме за потрошено, расипано или непријатно, ако не со брза одлука, тогаш постепено го поттиснуваме од себе, складирајќи го на некое место кадешто нема да ни се испречува и да не потсетува во секој момент. Со време тоа место е сѐ поодалечено од нас. Поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало.
Владимир Фрелих е хрватски уметник од Осиек. Дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот, односно подрачја каде што се случуваат отстапувања и девијации на самиот медиум. Од 2007 е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024