Изложби Тековни Следни Минати
EN

Ариел Хасан: Трагедија на еднаквоста-Буткање на рака

03. 07. 2025 - 24. 08. 2025

Трагедија на еднаквоста IV (Tragedy of Equality, T.O.E. IV) – Буткање на рака е прво самостојно претставување на Ариел Хасан во Сeверна Македонија.

Проектот имаше три претходни различни итерации: „Битка со бричење глава“ (Токио), „Борење во кал“ (Аделаид) и „Борба со ножеви“ (Берлин). Четвртиот чин во Музејот на современа уметност во Скопjе, кој ќе се одржи во периодот јули – август 2025 година, претставува натпревар во буткање на рака помеѓу двајца рамноправни натпреварувачи, кој се одвива на триаголна издигната платформа дизајнирана од уметникот и изградена специјално за оваа пригода.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 03.07.2025 (четврток) во 20:00 часот, со перформанс под истоимениот наслов.

Ариел Хасан е роден во Аргентина, но своите формативини години ги поминал во Аргентина, САД и Шпанија. Во 2005 година, тој ја воспостави својата уметничка кариера во Австралија. Последователната преселба во Германија во 2008 година го означи почетокот на едно континуирано транснационално постоење, при што уметникот сега работи на своите проекти во ателјеата помеѓу двата континента. Со испитување на сликарството како портал кон човечката свест, Хасан ги надмина традиционалните граници на медиумот, негувајќи сингуларен визуелен јазик што се одвива низ различни форми на изразување – практика обележана и со експанзивно експериментирање и со несомнена индивидуалност. Неговата работа, која се карактеризира со самонаметнати правила и непредвидливи исходи, ја формира основата за појава на сложени визуелни наративи. Тој досега имал самостојни изложби во Австралија, Шпанија, Јапонија, Сингапур, Австрија и Кина, а учествувал и на различни групни изложби вклучувајќи ги Биеналето Кочи-Музирис и Биеналето во Каиро. Неговите дела се застапени во повеќе јавни збирки

Куратор на изложбата е д-р Мелентие Пандиловски, JOLT ARTS, Мелбурн. Мелентие Пандиловски е директор, теоретичар и куратор. Неговото истражување, кое вклучува над 200 курирани проекти и бројни публикации, ги испитува врските помеѓу уметноста, културата, науката и технологијата. Тој живее и работи во Мелбурн, Австралија. Неговите улоги вклучуваат Creative Producer International во JOLT Arts во Мелбурн, Австралија; потпретседател на Меѓународното здружение на уметнички критичари (AICA) Македонија; член на Комитетот за дигитална уметност ACM SIGGRAPH.

Изложбата е финансиски подржана од Владата на Јужна Австралија, CreateSA и GAG Art Advisory 

АриелХасан, Трагедија на еднаквоста - Борба бр. 4 (Маски), силикон

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 3 (Борба со ножеви), кадар од видео, снимен перформанс, 2019

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Борба во кал), кадар од видео запис од перформанс, 2019

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 1 (Бричење на глава), дигитален печат на хартија од памучни влакна, 34х34см, 2018

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 1 (Композитен примерок од коса од две индивидуи), коса, акрилик, 30,5х35см

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Права на земјиште), печат на терпаулин, 300х200 см, 2025

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 2 (Борба во кал), Борец бр. 2, фотопечат 114х84см

Ариел Хасан, Трагедија на еднаквоста-Борба бр. 3 (Борба со нежеви), Борец бр. 1, фотопринт, 114х84см

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ.

03/06/2025 - 13/07/2025

КАЛДЕР: Флуидна модерност

22/02/2025 - 08/06/2025

Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции

08/04/2025 - 29/05/2025

45 години ФЛУ

03/04/2025