01/03/ 2024 - 31/05/ 2024
Станица пропаганда е нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда, како и алатките и можностите на формите на (контра)пропаганда кои произлегуваат од еманципаторските грасрут и ослободителни движења.
Проектот го организира здружението Факултет за работи што не се учат – ФРУ во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје во рамките на меѓународниот проект „Острови на сродство: Колективен прирачник за одржливи и инклузивни уметнички институции“.
Станица пропаганда има за цел да ги направи видливи различните современи пропаганди кои активно го обликуваат нашиот свет денес. Централната инсталација е дизајнирана како обратен паноптикон: наместо да го надгледува посетителот, му обезбедува на гледачот позиција на контранадзор над работата на пропагандистите кои влијаат на нашиот секојдневен живот.
Терминот „станица“ во Станица пропаганда може да се сфати на повеќе начини. Изложбата функционира како место каде што се „стационираат“ различни модели на пропаганда како што се ултранационалистичка пропаганда, пропаганда на алт-десницата, либерална пропаганда, финансиска пропаганда, пропаганда на империјата, климатска пропаганда и геолошка пропаганда. Се заснова на повеќе од една деценија уметничко истражување спроведено од Јонас Стал за пропагандата и контрапропагандата.
Во центарот на инсталацијата е „школа за пропаганда“, каде различни уметници, академици, новинари, теоретичари, поборници и активисти одржуваат предавања, работилници и обуки од областа на анализа на пропагандата и (контра)пропагандното делување.
Школата за пропаганда во Скопје носи наслов „Антиквизациска пропаганда: Од Скопје 2014 до Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ има намера да создаде привремена дискурзивна платформа која ќе ја деконструира комплексноста на антиквизациската пропаганда отсликана во проектот Скопје 2014. Преку излагања на повеќе теоретичари, активисти, уметници и новинари од Северна Македонија, оваа програма ќе понуди интервенционистички придонес во правните, медиумските, семиотичките, општествените и уметничките аспекти на проектот подигнат во „заробената држава“ и ќе се обиде да го промисли неговото идно постоење, соочувајќи се со подготовките и продукцијата на капиталниот проект Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.
Повеќе информации за Школата за пропаганда: www.akto-fru.org
Проектен тим: Јонас Стал (уметник); Ивана Васева (кураторка); Филип Јовановски (соработник на Школа за пропаганда, Факултет за работи што не се учат – ФРУ); Надин Гаудер (координатор Студио Јонас Стал); Ивана Самандова, Димитар Милев, Тамара Џерков (продукција Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје); Илиана Петрушевска (графички дизајн – постер, Музеј на современата уметност – Скопје); Пол Киперс (архитект); Ремко ван Бладел (графички дизајн); Рубен Хамелинк (камера и видео монтажа); Ивана Самандова (титл); Невенка Николиќ (превод и лектура).
Во партнерство со: Здружение Јиндрих Чалупецки, Прага (Карина Котова) и Музеј на современата уметност Загреб (Зденка Бадовинац).
Поддржано од: Фонд Мондријан, Амстердам, Холандија; кофинансирано од Европската Унија во рамките на меѓународниот проект „Острови на сродство: Колективен прирачник за одржливи и инклузивни уметнички институции“.
Откривања: Дела од шпанската колекција
14/10/2024 - 03/11/2024
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски
26/09/2024 - 17/11/2024
СЕРХАТ ЕМРУЛАИ: Се селиме на нова локација
5/09/2024 - 5/11/2024
НАЏА КРАЧУНОВИЌ: Во име на мајка, во презиме на татко
5/09/2024 - 5/11/2024