Нов датум: Четвртoк, 16 мај 2024, 15:00
Во последниве децении се забележува пролиферација на теориски и методолошки достигнувања и експериментирања што произлегуваат од пресекот на современата уметност и антропологијата. Овие случувања опфаќаат различни аспекти на истражување, производство и обопштување уметнички или антрополошки дела, но и форми што одбиваат да бидат класифицирани во едното или во другото поле. Како може антропологијата да придонесе за нашето разбирање и искусување на уметничките дела, на просторите поврзани со уметност и на уметничкиот свет? Во овој семинар ќе ги дискутираме процесите помеѓу овие две полиња. Концептите што ќе бидат презентирани вклучуваат: уметничките дела како т.н. „стапици“, стекнување знаење преку создавање, уметникот/цата како етнограф/ка, мултимодалност, и други.
Предавањето е отворено за сите оние што се заинтересирани за дијалогот помеѓу современата уметност и антропологијата. Ќе се одвива на англиски јазик во кино салата на музејот.
Презентацијата ќе ја држи Софија Григориаду (д-р социјална антропологија, м-р визуелна уметност), кустос соработник за Дискурзивна програма на МСУ Скопје и коосновач на TWIXTlab, лабораторија за уметност, антропологија и секојдневие, базирана во Атина.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00