Повикот е отворен до вторник, 14 мај 2024
Оваа работилница ќе се фокусура на (урбаното) одење како уметничка пракса. Црпејќи инспирација од историјата и од теоријата на уметноста, како и од согледувања од антропологијата и од етнографијата, работилницата ќе нѐ поведе од контемплативните прошетки на фланерите до современите геолоцирани искуства. Вежбите и менторството ќе им бидат на располагање на учесниците во пристапот кон одењето како естетска пракса, извонредно мултисензорно искуство, критички медиум и методологија на истражување. Учесниците на крајот ќе произведат дела со чекорење низ Скопје или композитни уметнички дела што ќе вклучуваат и чекорење.
Работилницата ќе се одвива претежно на англиски јазик во МСУ Скопје и на јавен простор. Заинтересираните можат да се пријават со пополнување на формулар. Максимален број на учесници: 10
Средби:
Среда, 15 мај, 18.00-20.00 часот – Библиотека на МСУ
Недела, 19 мај, 11.00-14.00 часот – Влез на МСУ
Среда, 22 мај, 18.00-20.00 часот – Библиотека на МСУ
23-28 мај – консултации (со закажување) околу изработката на делата
Среда, 29 мај, 18.00-21.00 часот – Влез на МСУ
Работилницата ќе ја води Софија Григориаду (д-р социјална антропологија, м-р визуелна уметност), кустос соработник за Дискурзивна програма на МСУ Скопје и коосновач на TWIXTlab, лабораторија за уметност, антропологија и секојдневие, базирана во Атина.