Настани Што е филм? Писма 1 и Писма 2
EN

Што е филм? Писма 1 и Писма 2

22/08/ 2020

 

Ана Павловиќ

Данска / 2018 / 67’, 28′

22.08.2020

21:00 МСУ плато

Проекцијата се реализира во соработка со Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Кураторка: Кумјана Новакова

(Кураторски коментар)

За секои писма

“Да се пишува е всушност да се каже… сè. Акт на страст. Затоа таа се двоуми, додека продолжува да пишува писма во својата глава. Но, и писмо

во главата е писмо.”

Сузан Зонтаг, Сцената на писмото

Си заминав од дома…

Веќе не можев да бидам онаа која мислев дека сум.

Ја напуштив куќата. Тоа веќе не беше куќата во која пораснав.

Го напуштив моето семејство.

Станавме поинакви од она семејството коешто бевме.

Почнав да трагам.

Град по град по град.

Места. Претежно нови места. Понекогаш стари места, со нови луѓе. Секогаш нови луѓе.

Нови домови.

Нови мириси.

Куќа по куќа по куќа.

Жолт тапет со риги, толку валкан што ригите веќе не се ни гледаат. Повеќе

личат на прекини во ритмот. Стана местото на жолтиот салон.

Јарко розова спална соба, со кревет што едвај го собира, залепен до единствениот ѕид со прозорец којшто гледа кон преминот што ги поврзува скалите со другите три станови на катот. За сеќа, последни си легнувавме и цврсто спиевме кога тие заминуваа на работа, како тоа да ги правеше нашите тела невидливи. Иако и двајцата знаевме дека за нив сме мрзливи мигранти поради кои тие стануваат рано, работат по цел ден и рано си легнуваат. За да ние можеме, така мрзливи, да си живееме во нивната розева спална соба, во нивниот стан во ветениот станбен комплекс со отворени прозорци, во нивната ветена земја.

Станот стана Местото на Север.

Писма 1 и Писма 2 на Ана Павловиќ ги пишуваат писмата кои никогаш не ги пратив, од ниту еден од моите домови, од моите ѕидови, од моите спални соби. На крајот на краиштата, не се работеше за тоа да се стане некој.

Се работеше за тоа да се биде.

Секогаш се работи за тоа да се биде

Не е лесно да се сподели присуство. Никогаш не е лесно, а особено не деновиве. Ќе се обидеме да го направиме токму тоа во МСУ – Скопје. За Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

Кумјана Новакова

(Синопсис на филмот и биографија на авторката)

“Писма 1” и “Писма 2”

Ана Павловиќ

Данска / 2018 / 67’, 28′

Изворен јазик: Српски

Монтажа: Владимир Томиќ

Камера: Ана Павловиќ

Продукција: Ана Павловиќ

Контакт: Ана Павловиќ

anapavlovic.com

Сижејна линија на интимниот дневник конструиран од сеќавањата на мигрантки од првите години од нивниот престој во Данска – Писма 1 и Писма 2, е размената на писма и фотографии помеѓу Ана Павловиќ во Копенхаген и нејзината мајка во Белград. Истовремено прикажувајќи лични писма и фотографии и од други мигрантки, Ана Павловиќ создава колаж од сеќавања на жени кои живеат во слични околности.

Во Писма 1 Ана ги чита писмата што повеќе жени ги испраќале до своите семејства дома за време на нивниот престој во Данска, додека паралелно со ножици сече фотографии и преку форма на колаж создава нови контексти за фотографиите и наративите.

Во Писма 2 гледаме семејни фотографии додека се читаат писмата коишто овие жени ги добиле од своите семејства. Преписките откриваат интимни размислувања на жени соочени со тешки, на моменти и контроверзни, одлуки. Размената на писма и фотографии зборува за работата на куќните помошнички, за непријавениот труд, за брачната миграција, за подобро или полошо. Целосното искуство станува еден вид дијалог помеѓу двата филма во кој разделеноста е и физичка и духовна. Гледаме како двете страни развиваат механизми и стратегии за справување со сништата и реалноста на животот на Запад.

Биографија

Ана Павловиќ е уметница која работи во различни медиуми како инсталации, звучни инсталации и филм.

Родена е во Белград, Србија во 1977 година, но од 1999 година живее во Данска. Павловиќ дипломирала на Кралската данска академија за ликовни уметности (The Royal Danish Academy of Fine Arts) во Копенхаген.

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00