17/12/ - 18/12/ 2019
Специјалната програма Југословенски експеримент(и), посветена на Југословенската филмска авангарда од 60-тите до 80-тите години, ќе биде претставена во два програмски блокови.
За прв пат како ретроспективна програа во Скопје, Југословенски експеримент(и) ќе прикаже своевиден омаж на експериментаторите на Југославија, со фокус на авторите и авторките активни во Кино клубот Сплит- еден од центрите на Југословенскиот експериментален филм.
Преку дел од творештвото означено како аматерски експериментален филм, во два програмски блокови ќе бидат претставени 11 филмови, од најзначајните авангардни автори и авторки од Хрватска, како Иван Мартинац, Вјекослав Накиќ, Дуња Иванишевиќ, Анте Верзоти, итн.
Во придружната програма, покрај разговорот со – Сунчица Фраделиќ, директорката на Кино Клуб Сплит и кураторката на филмската селекција, ќе биде организиран и разговор под наслов „Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери“ со Тања Врвило, една од водечките филмски критичарки и теоретичарки од Загреб, Хрватска.
Југословенски експеримент(и) се реализира во соработка со Кино Клуб Сплит, Хрватска.
Учеснички на дискурзивниот дел на програмата се Сунчица Фраделиќ и Тања Врвило.
Кураторка на програмата за МСУ-Скопје е Кумјана Новакова.
Програма
17 декември 2019 / 18. часот
Отворање на Југословенски експеримент(и)
Монолог за Сплит
Иван Мартинац, Југославија, 1962, 7’
По потопот
Вјекослав Накиќ, Југославија, 1967, 8’ 8’’
Твист-твист
Анте Верзоти, Југославија, 1962, 3’
Кафе Манон
Ранко Курсар, Југославија, 1967, 9’12’’
Жемска
Дуња Иванишевиќ, Југославија, 1968, 6’12’’
Разговор со Сунчица Фраделиќ, Кино Клуб Сплит
18 декември 2019 / 18 часот
Ретроспектива на Анте Верзоти.
Објектив
Југославија, 1966, 7’10’’
Пет
Југославија, 1965, 8’ 30’’
Денес…?
Југославија, 1965, 7’
Твист-твист
Југославија, 1962, 3’
Џубокс
Југославија, 1966, 6’40’’
Флуоресценции
Југославија, 1967, 4’30’’
Југословенска авангарда: партизани, уметници од општа пракса, револуционери и контра-револуционери
Разговор со Тања Врвило и Сунчица Фраделиќ
Биографии
Сунчица Фраделиќ го завршила формалното образование во 2006 г, како магистар по уметност и сликарство на Уметничката Академија во Сплит, Хрватска. Од 2008 г., таа е директорка на Сплитскиот филмски клуб. Меѓу 2006 г. и 2011 г. работела како надворешен соработник и асистент во Сплитската Уметничка академија на катедрата за филм и видео, водејќи неколку предмети ( краток филм и видео, нови медиум, перформанс итн.). Во периодот меѓу 2011 г. и 2016 г., има работено како главна ко-соработничка на режисерот Бела Тар во развојот и примената на film.factory programme во Сараево, како програмска координаторка на магистерски и докторски програми и управничка на канцеларијата film.factory. Во моментов, таа соработува со признати филмски режисери, актери, продуценти, критичари и филмски професионалци. Нејзиното работно искуство се заснова на бројни аматерски, студентски и професионални продукции, копродукции, проекти, работилници и образовни програми, покривајќи различни професионални полиња-продукциски супервизор, продуцент, извршен продуцент, издаваштво, уредништво, менторство, кураторство и комисиска дејност. Од 2004 г., работи како независен автор. Во 2017 г., била избрана за потпретседател на Младинската центар платформа во Сплит – Унија на здруженија за развој на независна култура каде работи како координаторка од почетокот на 2019 г.
Тања Врвило (Загреб) е филмска кураторка и уметница во полето на перформансот. Нејзината работа опфаќа радикални уметнички практики и образование со посебен фокус на политиките на естетиката, невидливата историја на авангардата и јапонскиот филм. Таа е авторка на повеќе есеи и публикации и има курирано неколку долгометражни филмски програми од различни области. Врвило има работено како редовна предавачка и раководител на филмската школа film.factory на Бела Тар во Сараево. Како актерка, од крајот на 1980-тите години, има настапувано во повеќе институционални театарски продукции, а од 2000-тите таа е ко-авторка и изведувачка на различни пост-драмски изведби со нео-авангардниот уметник и изведувач Дамир Бартол Индош и театарот House of Extreme Music. Во 2007 г., го има има основано фестивалот за политика на филмско кураторство Film Mutations: Festival of Invisible Cinema во Загреб, чие 13-то издание со наслов KINOCLASH! FILM + POWER ќе биде оддржано во Јануари и Февруари 2020 г во Музејот на современата уметност во Загреб и Art-Cinema во Ријека, Хрватска во рамки на програмата „Време на моќ” во Ријека- Европска престолнина на културата во 2020 г.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00