20/12/ 2019
Наслов: Бесмртност за сите-Трилогија за рускиот космизам
Руската филозофија позната како ‘Космизам’ денес е речиси заборавена во целост. Нејзините утописки начела кои го комбинираат Просветителството со Источната филозофија, како и Руската ортодоксна традиција со Марксизмот, инспирирале повеќе значајни Советски мислители кои подоцна стануваат неподобни и жртви за време на Сталиновата репресија. Во трите дела на овој филмски проект, уметникот Антон Видокле го проследува влијанието на ‘Космизмот’ во дваесетиот век препознавајќи ја неговата важност и денес. Во првиот дел, Видокле се враќа на основните размисли на Космизмот (Ова е Космос 2014). Вториот дел ја истражува поврзаноста помеѓу космологијата и политиката (Комунистичката Револуција беше Предодредена од Сонцето 2015) и делот број три го воспоставува музејот како место за повторно оживување, што всушност е основната идеја на Космизмот (Бесмртност и Воскреснување за Сите 2017).
Комбинирајќи есеи, документарен филм и перформанс, Видокле упатува на текстовите на основоположникот на космизмот Николај Федоров и други филозофи и поети. Неговиот пристап со камерата се осредоточува на препознавање и истражување на Космизмот и неговите влијаниа во остатоците на Советската уметност, како и во архитектурата и инженерството, при тоа движејќи се од степите на Казахстан па се до музеите на Москва. Музиката користена во оваа филмска трилогија е на John Cale и Éliane Radigue, придружувајќи ги сликите потикнува копнеж за поврзаност, општествена еднаквост, материјална преобразба и бесмртност како срж на Космичката идеја.
АНТОН ВИДОКЛЕ е уметник како и главен уредник на списанието e-flux. Видокле е роден во Москва, денес живее и работи во Њујорк и Берлин. Неговите дела се претставени на многу меѓународни манифестации како Документа 13 и 56 Биенале во Венеција. Филмовите на Видокле се прикажании на фестивалот во Берген, Шангајското биенале, 65 и 66 Берлинале, Центарот Помпиду, Тејт, Музејот Гараж, Биеналето во Истанбул, Стеделик Музејот и многу други.
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00