02/10/ 2019
Тања Бругуера е една од најзначајните ангажирани уметници во светот, која се занимава со инсталација и перформанс и чии дела често пати ги нагласуваат општествените ефекти од моќта на политичката сила.
„Специфичен политички тајминг“ е термин кованица на Тања Бругуера со цел да се дефинира вид уметност, која е создадена да постои во одреден политички момент, кој на уметничкото дело му дава потенцијално политичко и општествено влијание. Со оглед на тоа што веќе не е доволно да се создава уметност како а-постериори реакција или коментар, време е да се создава уметност за она што сè уште не е случено и она што допрва треба да се случи.
Кратка биографија
Бругера е основач на програмата за Бихевиорална уметност при Универзитетот за уметности во Хавана. Бругуера има изложувано на изложбата „Документа 11“ во Касел, Биеналето во Венеција во 2015 година, „Тејт модерн“ во Лондон, Гугенхајм и Музејот на модерна уметност во Њујорк. Бругуера неодамна го отвори Меѓународниот институт „Хана Аренд“ за „артивизам“ во Хавана – како школа, изложбен простор и „тинк-тенк“ за уметници-активисти и Кубанци.
Родена е во 1968 година во Хавана, Куба.
Живее и работи во Хавана и во Њујорк.
Благодарност за Estudio Bruguera
фото: ©Claudio Fuentes
МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
Четврток, 18/07/2024, 21:00
МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол
Четврток, 27/06/2024, 21:00
Јасмина Цибиц: презентација
Петок, 28/06/2024, 20:00
МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство
Четвртoк, 13/06/2024, 21:00