Настани Предавање на Рик Долфијн: КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ
EN

Предавање на Рик Долфијн: КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО: НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ

Недела, 17. декември 2023 во 12.30ч

Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на предавањата и презентациите на Интердисциплинарната програма го претставува Рик Долфијн со КУРИРАЊЕ НА СОВРЕМЕНОТО – НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ

Предавањето се сосредоточува на револуционерната изложба НЕМАТЕРИЈАЛНОСТИ (LES IMMATÉRIAUX) ко-курирана од филозофот Жан Франсоа Лиотар во 1985 година, и начинот на кој кураторот преку оваа изложба искажува грижа за светот и современоста. Воведувајќи „изложба која промислува“, која замислува свет што доаѓа и за кој се презема одговорност, се овозможува пристап преку кој оваа изложба, но и изложбите воопшто можат да го истражуваат својот политички потенцијал денес.

Рик Долфијн е професор по медиуми и студии на културата на Универзитетот во Утрехт. Неговите публикации се однесуваат на континенталната филозофија и современата уметност како резултат на истражувачките интереси во доменот на постхуманизмот, новиот материјализам, материјалната култура и екологијата.

Рик Долфијн е почесен професор на Универзитетот Хонг Конг, како и визитинг професор на Универзитетот во Барселона. Неговите публикации ги вклучуваат насловите ,,Foodscapes’’ (Eburon/University of Chicago Press 2004), ,,New Materialism: Interviews and Cartographies’’ (Open Humanities Press 2012, издадено со Ирис Ван Дер Туин)’’. Неговите статии се публикувани од списанија како Continental Philosophy Review, Angelaki, Rhizomes, Collapse и Deleuze Studies. Со Рози Брадиоти е ко-едитор на книгата ,,This Deleuzian Century: Art, Activism, Life’’ издадена од (Brill/Rodopi 2014/5) како и ,,Philosophy after Nature (2017)’’ публикувана од (Bloomsbury Academic 2019/20). Исто така е автор на монографијата ,,The Philosophy of Matter: a Meditation’’ издадена од Bloomsbury Academic во 2021, додека во 2022 година заедно со Рози Брадиоти публикува едитирано издание ,,Deleuze and Guattari and Fascism’’ (Edinburgh University Press).

Предавањето е реализирано во соработка со Институтот за Општествени и Xуманистички Науки,

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00