Настани Предавање на Даниела Бергер Прадо
EN

Предавање на Даниела Бергер Прадо

15/10/2024 вторник 19.30 часот

Разговор: Дали музеј може да биде маса или дрво?

Даниела Бергер Прадо, кураторка во Музејот на солидарноста Салвадор Аљенде (MSSA) Сантијаго, Чиле

Модераторка: Ивана Васева, кураторка, МСУ – Скопје

Предавањето е најава на колективно курираната изложба на дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје и современи уметници, закажана за 28 ноември, 2024 година
Разговорот насловен „Дали музеј може да биде маса или дрво?“ претставува презентација во форма на дијалог за Музејот на солидарноста Салвадор Аљенде од Чиле, неговото потекло и колекција, и неговиот фокус на современите уметности и практиките на заедницата.
Даниела Бергер Прадо (р. Сантијаго, Чиле) е мајка, кураторка и истражувачка со седиште во Сантијаго де Чиле, со хрватско и словенечко потекло. Таа работи и самостојно и како кураторка и раководителка на програмата за изложби во Музејот на солидарноста Салвадор Аљенде, од 2016 година, со особен интерес за политичките/женските уметнички практики. Таа е професорка по современа уметност и изложбени практики на Универзитетот Алберто Хуртадо, Сантијаго, Чиле.
Музејот на солидарноста Салвадор Аљенде – MSSA- е музеј на модерна и современа уметност со една од најважните збирки во Латинска Америка, која брои повеќе од 3.100 уметнички дела – растечки број благодарение на континуираните донации на дела од истакнати современи уметници.
Неговото потекло датира од 1971 година во Сантијаго де Чиле, кога се појави проект за промовирање на донација на уметнички дела од уметничките кругови во Америка и Европа на владата на Популарното единство (Unidad Popular) со цел да се создаде музеј за народот на Чиле. Убедувањето и поддршката на претседателот Салвадор Аљенде беа суштински, при што неговото разбирање на историскиот дел на проектот ги овозможи неопходните институционални услови за развој на овој музеолошки потфат, кој е актуелен и денес.

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00