Настани МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм
EN

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

Програмата се реализира во соработка меѓу МСУ – Скопје и Кинотека
Кустос: Софиа Григориаду
Влезот е слободен

Селекцијата на кратки филмови ги отсликува трансформациите во скопските урбани пејзажи во ‘60-ите години, преку објективот и наративите на застапените режисери и писатели, рефлектирајки го и модернистичкиот наратив вграден во југословенските градови воопшто. Во еден од филмовите снимен неколку месеци пред земјотресот во 1963 година, додека следиме игранка на една од терасите во центарот на градот, за миг го забележуваме и Офицерскиот дом. Во филмовите направени во наредните години, градот веќе е во реконструкција: крановите и градилиштата се секојдневие, станувајќи дел и од детските игри. Висококатните станбени блокови, стаклените фасади, другите елементи на урбаната архитектура, возилата и вратите на автобусите, не се само сведоци на дејствијата, туку и учесници во нив, како и коментатори на ставовите на ликовите или ситуациите во кои се наоѓаат. Оваа селекција покажува дека иако градот не е нужно во главниот фокус на филмовите, во секој од нив урбаниот пејзаж не е сведен на обична позадина за дејствието, туку е суптилно вклучен во приказните.
Иако, филмовите понекогаш пренесуваат начин на гледање што денес би бил оспоруван, тие остануваат актуелни со нивната оригинална нарација и кинематографија, како и со нивната отвореност кон експериментирање. Тие зачувуваат драгоцено сеќавање на едно време во кое градот изгледал и се чувствувал поинаку, бидејќи живо ги пренесуваат начините на кои постојано променливите урбани пејзажи влијаат врз минувачите и врз жителите.

Филмови:

Неволјите на покојникот К. К.“ (Здравко Велимировиќ), 1963, 15 мин.  
Повеќе: maccinema.com/Catalog.aspx?p=575

Лифт горе лифт долу“ (Душан Наумовски), 1967, 12  мин.  
Повеќе: maccinema.com/Catalog.aspx?p=578

Патека“ (Љувиша Георгиевски), 1967, 07 мин.  
Повеќе: maccinema.com/Catalog.aspx?p=577

Споменик“ (Вељо Личеновски), 1967, 09 мин.  
Повеќе: maccinema.com/Catalog.aspx?p=579

Човекот во црно“ (Бранко Ставрев), 1970, 10 мин.  
Повеќе: maccinema.com/Catalog.aspx?p=583

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00