Недела, 12. 03. 2023 во 12ч
Во рамките на изложбата „Пејзаж на вознемиреност“, Музејот на современата уметност започнува со јавната програма со предавањето За планетарните архитектури на урбаните агро-екосистеми на Адам Ночек, професор по Филозофија на науката и технологијата од Државниот универзитет Аризона во САД на 12 март (недела) во 12 часот. Адам Ночек е директор на Центарот за филозофски технологии нa Државниот универзитет Аризона во САД. Неговите публикации тематски се позиционираат во пресекот помеѓу филозофијата, биологијата, медиумите и дизајнот. Неговата најнова книга е насловена Молекуларно заробување: Aнимација на биологијата (Molecular Capture: The Animation of Biology, Minnesota, 2021) издадена во 2021 година.
Предавањето критички пристапува кон технологиите на урбанизација на земјата која се подразбира како геолошка сила поради низата импликации, како што се емитувањето на јаглеродот, не/безбедноста на храната, деградацијата на почвата, водата, квалитетот на воздухот, губењето на биолошката разновидност и непропорционалното населување. Имајќи ги предвид овие состојби, Адам Ночек пристапува кон низа социјални и еколошки интервенции именувани како „урбана агроекологија“ кои имаат за цел да промовираат социјална и еколошка правда.
Ова предавање е реализирано во соработка со „Школата за Материјалистички реализам“.
Перформанс и предавање на Дилејн Ле Бас
01/02/ 2023
Разговор со Дритон Селмани
07/12/ 2022
Предавање на Душан Перчинков
30/11/ 2022
СИНИША ИЛИЌ СЕ ПРЕТСТАВУВА
26/11/ 2022,