Публикации ГОЛЕМОТО СТАКЛО, Број 37/38, 2025
EN

ГОЛЕМОТО СТАКЛО, Број 37/38, 2025

Изданието се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики како евиденција за војната во насока на истражување на поврзаноста помеѓу естетиката и насилството. Како одговор на војната, маргинализацијата и исклученоста, во новиот двоен број 37/38 на Големото стакло, списание за современа уметност, култура и теорија, претставуваме селекција есеи, интервјуа и прилози што обработуваат овие и многу други актуелни прашања.

Автори застапени во овој број на Големото Стакло се Тихомир Топузовски (главен уредник), Метју Фулер, Нада Прља и Софија Григориаду (коуредници) Соња Абаџиева, Сара Ахмед, Софија Бемпеза, Лили Чулијараки, Жулиет Жак, Самитипо, Касана, Оксана. Кивинен, Јоана Лека, Тевж Логар, Ибрахим Махама, Чус Мартинез, Мет Пакер, Мартин Шиби, Ивана Сиџимовска, Игор Симеес, Естер Сакач, Мортен Сондергард, Кивели-Лињу Цамантани, Химат Зуби и Бланка де ла Торе.

Изданието содржи и уметнички дела од Лоренс Абу Хамдан, Марија Аксилиадора да Силва, fantastic little splash, Барбара Хамер, Јулијана Хакстабл, Ибрахим Махама, Јован Јосифовски, The.Out.s, Сергиј Петлјук, Динео Сеше Бопапе и други.

Исто така, се вклучени прикази на изложбите во МСУ-Скопје: Дан и Лиа Пержовски, куратор и текст на Мира Гачина; Глобални наративи во текстил, кокуратор и текст на Јованка Попова (кокуратори Сузане Вајс и Инка Гресел); Пропагандна станица на Јонас Стаал, куратор и текст на Ивана Васева; Координати на еден сон: 60 години проектирање на современост, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Онлајн каталог за интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ која беше организирана од Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.

Уметници: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ; заедно со инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: S.T.I.F.F.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ-Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.