EN

Димитар Малиданов

1946, Саракиново (Саракининој), Грција

 

Во чест на Магрит, 1987

Vernis-mou на хартија, 62,7 x 89,7 см

Едиција: а.о; сигнирано: г.с.: vernis-mou E.A. Hommage a Magritte 1987 D.Malidanov

Аквизиција: Подарок од уметникот

Инвентарен бр.: 03841

*Недостапни на интернет се графичките дела со инв.бр.: 02913; 03695; 04602; 04727; 04793; 05009; 02913

 

Биографија

Димитар Малиданов (Саракиново, 5 декември 1946) — македонски сликар и графичар

Малиданов е роден на 5 декември 1946 година во воденското село Саракиново, Грција (Саракини на грчки). За време на Грчката граѓанска војна, избегал од земјата во групата таканаречени деца бегалци. Во 1972 година дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај професор Габриел Ступица. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Скопје, Малиданов почнал да предава графика на истиот. Работел на факултетот од 1981 до 2010 година, а од 2006 до 2010 година бил негов декан. Автор е на многу самостојни и учесник на многу групни изложби. За својата уметничка и педагошка дејност добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“.

Биографијата е превземена од Википедија на македонски јазик според Attribution-ShareAlike Creative Commons License

Во целина биографијата е достапна на mk.m.wikipedia.org/wiki/Димитар-Малиданов

Претходни изданија