1925, Кап Мартен, Франција – 1998, Загреб, Хрватска
Сиво и костенливо, 1961
Масло на платно, 130 х 162 см
Аквизиција: Подарок
Инвентарен бр.: 00105
Биографија
Фердинанд Кулмер е хрватски апстрактен сликар и професор (29 јануари 1925 – 11 ноември 1998). Студирал на Ликовните академии во Будимпешта и Загреб, а ги посетувал и специјалните курсеви на Џуро Тиљак. Кулмер работел и во студиото на Крсто Хегедушиќ, а бил долго и професор на Ликовната академија во Загреб. Делата на Кулмер се апстрактни или полуапстрактни претстави, а неговите рани композиции се базираат на мртва природа или ентериери со калиграфска обработка на четката. Тој развива погусти текстури, свртувајќи се покасно кон послободен, гестуален стил со митолошки теми кои имаат разиграни калиграфски форми.
Краткиот извадок од биографијата е од англиската Википедија во согласност со Attribution-ShareAlike Creative Commons License
Биографијата во целост е достапна на wikipedia.org/wiki/Ferdinand_Kulmer