Настани ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: Филмска програма
EN

ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: Филмска програма

Сабота, 28 декември, 16:00

Навраќање на приказните: Сеништа во слики, архиви и јавни простори

Филмска програма во рамките на изложбата ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ: и светот се пресоздава од тоа што го заборава. 

Кино Сала

Проекцијата ќе биде на англиски

 

Мариа Христофориду, ΜΑΛΘΑ: Трипати изгорените архиви со неверодостојни пророштва (2021), 15’

Архивата ΜΑΛΘΑ е видео-есеј што си игра со културната меморија и ја претвора во шпекулација. Делото создава привремени вистини и нуди нови митови што вклучуваат општествени, технички и јазични мрежи, и со тоа ја отфрла стереотипната перцепција за грчкиот идентитет со тоа се обидува да ја прошири оваа перцепција. Поаѓајќи од мејнстрим грчки слики и последователното хегемонско потчинување на оние што не одговараат на замислениот грчки идентитет, Архивата ΜΑΛΘΑ работи на афирмацијата на присуството на лица со африканско потекло во Грција и покажува како флуидниот идентитет е обликуван од „задгробниот живот на древното“. Архивата поаѓа од збирка слики составена од софтвер за подредување фотографии од страна на Христофориду, која позајмува идеи од феминистичките колажни техники. Фотографии на артефакти од музеи, туристички сувенири, разгледници, популарни културни слики и афрогрчки семејни албуми создаваат потресни врски, кои потоа се комбинираат во лизгави, фалични, неуспешни кадри. Исходот дава нова мапа на слоевите од грчката историја, антиката и културата на слики за да ги деколонизира односите меѓу африканската дијаспора во Грција.

Марија Христофориду (р. 1979) е замбиско-грчка уметница, писателка и наставник по ликовна уметност на Универзитетот Фалмут, ВБ. Слушајќи си го телото и „зборувајќи покрај“ архиви, Марија е поттикната од надежта да создаде паузи кои им овозможуваат на малите приказни, гласовите на духови и отадечовечките сопатници да им се измолкнат на обидите за класификација и да дојдат до оддишка, притоа разврзувајќи неискажливи јазли на другоста. Марија е родена во Замбија, пораснала во Грција и поголемиот дел од својот возрасен живот го поминала во ВБ. Непомирливите разлики помеѓу овие средини се моќен поттик за создавање теорија. Таа комбинира истражување и соработка во различни формати – предавања, работилници, настани, пишани и визуелни есеи, објави – за да ги истражи политичките, физичките и перформативните импликации на пишувањето и на фотографијата. Марија ги користи фикцијата и метафората како алатки кои ги преиспитуваат архивите и ги  прегледуваат интерсекционалните наследства на колонијализмот за да ги ревалоризираат сликите што ги насочуваат ставовите за „отадечовечкит свет“, за националните и за личните идентитети.

 

Диего Крукс и Жиан Спина, Калабусо и уништувањето кога ќе умрам/рид [morro], 19’

Есеј-филм кој поаѓа од првиот јавен простор во Латинска Америка (Passeio Público) изграден од поробено население чувано затворено во Калабуси (зандани) во колонијалниот Рио де Жанеиро. Анализирајќи како зборот/местото Калабусо се нормализираше во урбаното ткиво заедно со реформите на градот за да држи делови од неговото население надвор од одредени области, филмот конструира апстрактен наратив кој открива замолчени мината и приказни. Зборот Калабусо има повеќе значења што се преклопуваат: од студентска менза, сцена на убиство на расилизиран млад човек за време на воената диктатура, до аеродром, плажа и пред сè место за мачење на поробеното население во Рио де Жанеиро. Авторите поврзуваат стари текстови од документи, историски слики и гласовни ноти за да се осврнат на сложениот карактер на оваа тема и на нејзината фундаментална врска со современото и со древното бразилско општество.

Квази-уметник роден и израснат на маргините, во Парада де Таипас, Диего Крукс сега живее во централното градско подрачје на Сао Паоло. Помеѓу другото, работи со уметност на повеќе места. Внук на Роза и на Есмералдо; токму бојата го актуализира сеќавањето. Уметник кој ги истражува интимните и личните повици, колективните искуства, репрезентацијата, идентитетот и неговите граници, варијаблите и противречностите во овие вкрстувања. Да се замисли и да се изгради. Да се стави под знак прашалник и да се провери. Користи различни медиуми во своите процеси, како што се апропријација, фотографија, видео, дизајн, визуелни семплови, зборови. Учествувал на изложби во Сао Паоло, Куритиба, Копенхаген и Акра (Гана) и во резиденциите Pivô (2020) придружуван од Тиаго де Паула Соуза и МАМ Рио (2021), координирани од Камила Роча Кампос.

Роден во Сао Паоло, Бразил, Жиан Спина е писател, истражувач, понекогаш и уметник. Работел и предавал во експериментални педагошки проекти како Меѓународната уметничка академија Палестина, Ескола да Сидаде (Сао Паоло), Јонскиот центар за уметност и култура (Грција) како и ЦИЛАС (Каиро). Денес учи арапски, зборува пет други јазици и гради интердисциплинарно тело од дела на тема материјализацијата на моќта во историјата, наративите и јавната сфера. Бил дел од резиденцијални програми како Capacete и Documenta 14 во Атина (2017), Фондацијата MMAG во Аман (2018) како и GEGENWARTE/PRESENCES во Кемниц, Германија (2020). Неодамна учествуваше на Филмскиот фестивал на Шефилд, на Les Rencontre d’Arles и во Музејот на модерна уметност во Рио де Жанеиро. Има напишано статии за Mada Masr, Folha de São Paulo, Arts Everywhere, World Policy Institute и неколку други независни публикации. Неговото творештво може да се види на http://gianspina.com

 

МИНАТИ НАСТАНИ

МСУ ЛЕТНО КИНО – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм

Четврток, 18/07/2024, 21:00

МСУ летно кино - 20 дена во Мариупол

Четврток, 27/06/2024, 21:00

Јасмина Цибиц: презентација

Петок, 28/06/2024, 20:00

МСУ Летно Кино - Меѓу присуство и отсуство

Четвртoк, 13/06/2024, 21:00