Изложби Тековни Следни Минати
EN

Сè што ни е заедничко

21/12/ 2019 - 02/03/ 2020

 

„Сè што ни е заедничко“ е колективно дело кое се појавува во време на состојба на несигурност во капитализмот и преку анализа на конкретни уметнички дела и практики, цели кон разоткривање на состојбите на прекаријатијатот во општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.

Капитализмот преку неговите авторитарни политики создава свет во кој структурите на моќ непоколебливо се на страна на богатите, угнетувајќи ги животите на обесправените и маргинализираните. Неолибералната култура изобилува со иновации и новини со тенденција да произведува капитал, но културата никогаш не била толку деградирана.

Ако општата несигурност – која се одразува во трудот, образованието, популарната култура и индивидуалната и колективна психологија во современото општество – произведува конзерватизам во културата посебно, тогаш се поставуваат следните прашања: „Кои форми на делување и организирање можат да придонесат уметноста повторно да стане возбудлива и корисна во исто време? Дали таа треба да е додаток на политиката, во смисла дека политиката може да има корист од инкорпорирање на елементи специфични за уметноста, или треба да ја политизираме уметноста? Кои се насоките кои треба да се бараат за да се врати модерноста на социјални форми на акција и здружување и кои се начините на кои уметноста и културата ќе имаат удел во ова?“

 

Учесници: Даниел Гарсиа Андухар (Шпанија), Џулиета Аранда (Мексико), Tања Бругуера (Куба), Ч’то Делат (Русија Ч), Христина Иваноска (Северна Македонија), Сања Ивековиќ (Хрватска), Ѓорѓе Јовановиќ (Северна Македонија), Адриан Паци (Албанија), Нада Прља (Северна Македонија), Хито Штејерл (Германија), Антон Видокле (Русија и САД), Артур Жмијевски (Полска).

 

Куратори на изложбата: Мира Гаќина и Јованка Попова.

 

Дизајн: Неда Фирфова

 

Изложбата е финансиски поддржана од: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Eurolink осигурување, Saint Gobain и Rigips, ЗСФ КОМ, Град Скопје, Park Hotel & Spa и Тиквеш. Посебна благодарност до Музеј на Македонската борба и Монозеро.

Адријан Паци, Центар за привремен престој, 2007, видео

Хито Штаерл, Во слободен пад, 2010, видео

Ѓорѓе Јовановиќ, Протестен споменик, 2019, инсталација

Габриел Гарсиа Андухар, Посткапиталистичка Архива, 1998-2000, инсталација

Џулиета Аранда, Пливање во реки од лепак (вежбање контраинтуитивна емпатија), 2016-2017, инсталација

Тања Бругуера, Само-саботажа, 2009, видео

Христина Иваноска, Лесна акумулација на капитал, 2019, инсталација

Христина Иваноска зборува за своето дело

Ч'то Делат, Безбедно засолниште. Се уште не ни се случило нас, 2019, инсталација

Нада Прља зборува за своето дело Субверзија во црвено, 2019, инсталација

Сања Ивековиќ, Ген ХХ, 1997/2001, фотографија, дигитален печат

Антон Видокле, Бесмртност за сите; филмска трилогија за рускиот космизам, 2014-2017, видео

Артур Жмиевски, Плен-ер, Швиецие, 2009, видео

Габриел Гарсија Андухар зборува за своето дело

Julieta Aranda's talk at the group show All We Have in Common

МИНАТИ ИЗЛОЖБИ

Континуитети: француски уметници во збирките на МСУ Скопје

07/12/ 2023 - 22/02/ 2024

Пејзаж на вознемиреност: 11 критични жешки точки во Р.С. Македонија

04/10/ 2023 - 09/10/ 2023

БИСТА – Биенале на студентите по архитектура 2023

20/09/ 2023 - 28/09/ 2023

Ѓорѓе Јовановиќ: Горчлив шеќер

19/09/ 2023 – 16/02/ 2024