Цртање, разговор, споделување
На 6 април (четврток) со почеток во 12 часот, светски реномираниот уметнички пар Дан и Лиа Пержовски, ќе одржат работилница во Музејот на современата уметност – Скопје.
Сите заинтерeсирани можат да се пријават на следниов линк:
Целта на работилницата е да се создаде заедништво и свесност преку цртежот. Цртежот ќе биде медиум, а публикацијата негов резултат. Не постои еден или најдобар цртеж. Ние сме рамноправни, и сите имаме наши идеи и визии околу кои се сретнуваме, разговараме и цртаме заедно. Но кои сме ние, и што сакаме да направиме, или што можеме да направиме? Како се справуваме со ограничените средства? Које е планот Б, или планот В? Првин се запознаваме кои сме. Пронаоѓаме тема за која се согласуваме и цртаме, темата може да биде една од ургентните глобални ситуации денес, или нешто лично, сепак секојдневна. Преку разговор ќе работиме на идеите, а преку групна дискусија ќе покажеме меѓусебно што и зошто сме направиле. Цртежите ќе се поврзат во фанзин кој ќе биде копиран во број на примероци за секој од учесниците.
Најпосле, секој си заминува дома, со визијата на другиот.
Јазик на работилницaта: Англиски
Ликовен медиум: Цртеж
Времетраење на работилницата: 2h x 2h
Производ на работилницата: Фанзин
Лиа Пержовски е романска концептуална уметница, истражувач и уредник. Таа е основач на неколку платформи и институции како „Архивата за современа уметност“ во Букурешт или „Музејот на знаењето“, како и „Телскопскиот простор на знаењето“. Лиа Пержовски реализирала самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и на редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Парис, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.
Дан Пержовски е уметник кој го користи цртежот во најразлични форми и медиуми, како цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски има реализирано повеќе самостојни изложби меѓу кои и во МоМА во Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарт, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.