Настани ФИЛМ: Пејзажи на совеста
EN

ФИЛМ: Пејзажи на совеста

06/12/ 2019 - 10/12/ 2019

„Доколку постоjат материјално, технолошко и индустриско загадување кои ја изложуваат климата на очигледни ризици, тогаш постои и уште едно, невидливо, загадување што го загрозува нашето време – културно загадување кое го имаме пренесено во нашите долготрајни мисли, чуварите на оваа Земја, на човечноста и на сите нешта. Ако не се бориме против второво, ќе ја изгубиме битката со првото.“

Мишел Серес, Природниот договор (1990)

 

 

Пејзажи на совеста ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони, наместо како збир од различни, одвоени екосистеми. Во фокусот на изложбата е потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, отфрлајќи ги потенцијалните дискусии за единките во/ и животните средини: форма на благосостојба обликувана според класни и расни уверувања.

 

Заробени во сопствените моќи и ограничените животни сфери, посветено создаваме свет полн спектакли издигнат врз историското насилство, каде Земјата и водата се ништо повеќе од обичен украс.

Па така, не успеваме да го осознаеме светот.

 

Изложбата содржи 11 фотографии, 8 видео-инсталации, од нови и признаени автори и 4 филмски уметнички дела. Фотографиите и видеата се распоредени низ галерискиот простор без строго-утврден редослед, а секоја инсталација е претставена во нејзината сопствена средина. Видеата и филмовите имаат различно времетраење: 9 до 106-минутни видеа прикажувани без престан, како и филмови со различна должина.

 

Уметници:

Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан.

Пејзажи на совеста се реализира во соработка со ПравоЉудски филм фестивал од Сараево.

Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира. Визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев.

 

Филмска програма

 

07. 12. 2019 / 18 часот

Гробишта

Карлос Касас

Франција, Обединето Кралство | 2019 | 85’

 

07.12. 2019 / 19.30 часот

Разговор: Карлос Касас, Мила Паниќ, Диого Переира, Кумјана Новакова

 

08. 12. 2019 / 18 часот

Растење

Тамер Хасан, Арманд Јервант Туфенкиан

САД | 2018 | 48’

 

09. 12. 2019 / 18 часот

Земја

Хироацо Сузуки, Росана Торес

Португалија | 2018 | 60’

 

 10. 12. 2019 / 18 часот

Кисела шума

Ругил Барзџукаите

Литванија | 2018 | 63’

МИНАТИ НАСТАНИ

Филм: ,,ЦРНАТА УМЕТНОСТ: ВО ОТСУСТВО НА СВЕТЛИНАТА"

Вторник, 20. февруари 2024, во 19ч.

Ѓорѓе Јовановиќ: Публикација, разговор, перформанс

Петок, 16 февруари, 2024, во 20,00 и 21,00

Ретроспективна презентација на ^ПАТЕМByTheWay 2013 - 2023

Среда, 27. декември, 2023 во 20,00 ч.

Бојана Пишкур: НЕКОИ РАЗМИСЛИ ЗА ДЕКОЛОНИЗИРАЊЕ НА УМЕТНИЧКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Среда, 20. декември 2023, во 19,30 ч.