Музејот на современата уметност во Скопје најавува дека како дел од интердисциплинарната програма за прв пат организира меѓународен симпозиум кој ќе се реазлира на 10 Јуни, 2024 година. Симпозиумот насловен ,,ЗЕМЈАТА КОЈА СЕ ПРОМИСЛУВА ПОСТОЈАНО – КРЕАТИВЕН ГЕОФИЛОЗОФСКИ ПАТОПИС‘’ преку комбинирање на научни и уметнички пристапи ќе ги преиспитува комплексните релации и траектории на земјиниот систем. Повеќе информации како и целосната агедна на симпозиумот ќе бидат објавени наскоро.