За нас Мисија и визија Историја Зграда Библиотека Вработени
EN

За нас: Мисија и визија

 

Музејот на современата уметност – Скопје е симбол на солидарноста, која како трајна вредност останува врежана во колективната меморија на македонската јавност.

Основан во 1964 година како резултат на бројни донации на уметнички дела од 65 земји во светот, мисијата на Музејот е да ја одржува меморијата и традицијата на солидарноста и да продолжи да колекционира, чува, заштитува, проучува и вреднува значајни уметнички дела и со нивно изложување на судот на јавноста да ја развива свеста и разбирањето на највисоките духовни вредности на современата уметност и општество.

 

КОИ СЕ НАШИТЕ ЦЕЛИ

Да ја чуваме, заштитуваме, проучуваме и да ја надградуваме колекцијата од над 5.500 уметнички дела и со нивно изложување на судот на јавноста да го овозможуваме разбирањето на современата уметност и општеството;

Да организираме и претставуваме изложби, манифестации, разговори со уметници, дискусии со јавноста, филмски и видео проекциии, предавања, публикации и други интердисциплинарни програми како резултат на широкиот спектар на современите културни практики;

Да допреме подеднакво до регионалните и до диверзитетот на глобалните уметнички аспекти кои се однесуваат на отворените прашања и перспективи што се поставуваат пред уметноста и денешните општества;

Да ја продлабочиме едукативната димензија на уметноста и улогата на музејската институција во развивањето на свеста за значењето во негувањето и унапредувањето на културните вредности;

Да создаваме широка платформа за критички дијалог што ја обликуваат нашата сегашност.