Графичката колекција на Музејот на современата уметност Скопје

Музеј на современата уметност Скопје

14. 09 – 14. 10. 2018

Графичката колекција на Музејот на современата уметност е доминантен сегмент во збирката на Музејот со над 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники, од традиционалните до оние кои ги вклучуваат новите технологии и медиуми. Преку избор од 150 дела на уметници кои дале значаен придонес во извонредниот развој на графичката уметност во светот и во Македонија во ХХ век, меѓу кои се вбројуваат Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Бриџит Рајли, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники Де Сенфал, Георг Базелиц, Зоран Мушич, Џаспер Џонс, Сол ЛеВит, Алекс Кац, Јиржи Андерле, Душан Перчинков, Симон Шемов, Петар Хаџи Бошков, Драгутин Аврамовски Гуте, Димитар Малиданов, Димче Николов и др.

Изложбата ќе биде проследена со репрезентативна публикација, која за прв пат ќе даде целосен каталошки увид во оваа богата и единствена колекција.

Куратор на изложбата: Благоја Варошанец

Наслов: Бриџит Рајли, “Рана светлост“ (детал), 1987