Point d’ironie / Ирониска точка

Списанието point d’ironie („ирониска точка“) произлезе од разговор меѓу ањес б., Кристијан Болтански и Ханс Урлих Обрист во 1977. Секоја година се публикуваат шест до осум изданија. Секое од нив е осмислено од уметник и е единствено како и едно уметничко дело. Благодарејќи на бесплатното делење и на тиражот и дистрибуцијата, point d’ironie е нетипично списание кое е поделено веднаш по печатењето: d’ironie (сто илјади копии се раширени насекаде по светот во музеи, галерии, книжарници, училишта, кино сали, продавници и сл.) Измислен од францускиот писател Алкантер де Брам кон крајот на XIX век, point d’ironie означува пункциски знак што се користи на крајот од речениците (како извичник или прашалник) за да ги поентира ирониските делови во текстот.



Рејмонд Петибон & Марсел Ѕама
n°59

Рејмонд Петибонд е роден 1957 во Тусон, Аризона. Неговото дело опфаќа широк спектар на американската “висока“ и “ниска“ култура, од девијациите на маргиналната младост до историјата на уметноста, литература, спортови, религија, политика и сексуалност. Земајќи ја за појдовна точка панк-рок културата на јужна Калифорнија од доцните 1970-те и 1980-те години и естетиката на опаковки за плочи “направи-сам“, стриповите, концертните флаери и фанзини кои што го карактеризираа движењето, цртежите на Петибонд завземаат форма на сопствен жанр на моќни и динамични уметнички коментари.

Марсел Ѕама е роден во Винпенг, Канада. Неговото дело го карактеризира брзата препознатливост на визуелниот јазик, којшто има различни референци и уметнички влијанија, вклучувајќи го дадаизмот и Марсел Дишан. Иако стана познат по неговата изобилна продукција на цртежи со префинета палета на придушени бои, во последните години уметникот ја прошири својата практика во подрачја кои опфаќаат скулптура, сликарство, филм и диорами.

Соработката на Петибонд и Ѕама започна во 2005, со меѓусебна размена на првата серија цртежи која требаше да ја доврши другиот уметник. Во варијација на методата „одличен труп“ во која на партнерот му се дадени само делчиња од инаку скриен цртеж на кој треба да се работи, Ѕама и Петибон ги развиваа своите композиции низ илустрации, колаж и пишување. Исто како и во раните години на дваесетиот век кога надреалистите ја измислија оваа техника како искуство кое збогатува низ игра, цртежите на нашите двајца уметници ги комбинираат нивните изградени стилови на еден нов откривачки и мазен начин. Во неколку дела, речиси речиси е невозможно да се одреди кој што направил, што покажува колку и двајцата уметници настојувале да ја асимилираат визијата на другиот или да го антиципираат неговиот одговор.

Магазинот point d’ironie („ирониска точка“) е достапен од сега во нашата продавничка. Посетете не!