14. Меѓународно биенале на млади уметници

Биеналето на млади уметници, кое Музејот на современа уметност – Скопје со повремени прекини го организира од 1987 година е една од најзначајните и највиталните манифестации за современа  уметност во Македонија. Основната цел на Биеналето е да ги открие, афирмира и критички да ги артикулира креативните и инвентивни уметничките процеси и практики. „Будење“ е темата на новото, 14. Меѓународно биенале на млади уметници, кое оваа година добива уште поширок меѓународен карактер, со учесници од Италија, Романија, Норвешка, Србија, Австрија, Белгија, Албанија, Унгарија, Косово, Црна Гора, Шведска, Словенија, Турција. Музејот на современата уметност ќе назначи жири комисија, која доделува награда за најдобро авторско дело во вид на самостојна изложба што се реализира во наредната година по одржувањето на Биеналето. Една од значајните новини на изложбата е едукативниот центар чија цел е во генерирањето знаење, да го поттикне етаблирањето на младите уметници на современата уметничка сцена и да ги препознава и развива нивните потенцијали. Оттука, проектот освен изложбена има и едукативна програма, со која низ редица активности ќе ги препознае младите автори, ќе им овозможи да стекнат соодветно знаење, ќе ги инволвира во процес што ќе ја профилира нивната работа и ќе им помогне во идното ангажирање и претставување пред јавноста. На 14. Биенале на млади уметници ќе учествуваат 38 уметници, делумно по избор на кураторите на годинешната изложба, и делумно на јавниот конкурс објавен летото 2022 година: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле  Гандини (Италија), Елена Гелева (Р.С.Македонија), Рино Даути (Косово), Надица Дојкоска (Р.С.Македонија), Серхат Емрулаи (Р.С.Македонија), Клелија Живковиќ (Р.С.Македонија), Ана Јовановска (Р.С.Македонија), Јован Јосифовски (Р.С.Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Р.С.Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Р.С.Македонија), Симона Манчева (Р.С.Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Р.С.Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Р.С.Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски(Р.С.Македонија), Славица Танеска (Р.С.Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Р.С.Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Р.С.Македонија). Куратори на 14. Биенале на Млади се Никола Узуновски, Ива Димовски и Бојана Јанева Насловна фотографија: Игор Таневски, „Состојби“, 2023, дигитален печат