Петар Мазев
Роден во Кавадарци | 1927 – 1993 Завршил Академија за ликовни уметности во 1953. во Белград во класата на проф Зоран Петровиќ. Истата година станува член на ДЛУМ и почнува со излагање на групни и самостојни изложби. Студиски престојувал во повеќе европски земји. Во 1959. станува професор на Архитектонскиот факултет
Ордан Петлевски
Роден во Прилеп | 1930 – 1997 Претставуваме дел од серијата дела на Ордан Петлевски вклучени во колекцијата на МСУ, масло на платно: Македонско село, 1957 | Фигури во ентериер, 1955 | Ентериер, 1956 | Морбидни облици, 1959 | Праоблици, 1961 | Пергамена, 1962 | Морбидни форми, 1963 | Преселби
Оливер Мусовиќ
Роден во Скопје | 1971 Го претставуваме делото на Оливер Мусовиќ вклучено во колекцијата на МСУ: Хипсифобија, 2000 инсталација со дрвени скали, фотографија, текст.
Олга Милиќ
Родена во Карловец, Хрватска во 1948. Дипломирала 1974 на Академијата за применети уметности во Белград. Постдипломски студии на Сент Мартин во Лондон (1978/79). Живеела во Скопје во 1974 – 1979. Сега живее и работи во Ниш , Србија. Прави скулптури и тродимензионални цртежи. Претставуваме дело од Olga Milikj вклученo во
Никола Мартиновски
Роден во Крушево | 1903 – 1973 Претставуваме неколку од серијата дела на Никола вклучени во колекцијата на МСУ, масло на платно, масло на стакло: Растко Пуриќ, 1934 | Во кафеана 2, 1932 | Девојче – циганче, 1938/1940 | Модел, 1963 | Автопортрет, 1969 | Другарки, 1969
Нехат Беќири
Роден во Тетово | 1967 Дипломирал во 1991 на Факултетот за ликовни уметности во Приштина во класата на професорот Муслим Мулиќи. Досега приредил дванаесет самостојни изложби во земјата и во странство. Делото во колекцијата на МСУ е насловено „Сива линија“, 2001, комбинирана техника на платно 101,5 x 121,5 см.
Насо Беќаровски
Роден во с. Желево | 1938 Ви претставуваме две од неколкуте дела на Насо, кои се дел од колекцијата на МСУ. Делата се насловени „Првата голема свеченост“ од 1974 (железо, 74 х 50 х 17см) и „Форми на природата“ од 1978 (теракота, 2 елемента).
Миле Корубин
Роден во Прилеп | 1922-2000 Претставуваме неколку од серијата дела на Миле вклучени во колекцијата на МСУ, масло на платно: Композиција (Го сакам зеленото), 1967 | Депресија, 1967 | Реминисценција, 1973
Марин Димески
Роден во Прилеп | 1948 Претставуваме неколку од серијата дела на Благоја вклучени во колекцијата на МСУ: Фотографија бр. 761, 1976 и Виктор Аќимовиќ… фотограф, 1984
Лазар Личеноски
Роден во Галичник | 1901 – 1964 Претставуваме едно од серијата дела на Лазар вклучени во колекцијата на МСУ: Афиони, 1955, масло на шпер-плоча, 68 x 95см.