Контакт
EN

Извоз на дела

 

Музејот на современата уметност е овластена институција за издавање на стручно мислење за дозвола од страна на Министерството за култура за извоз на уметнички дела во странство.

 

Стручното „Mислење за изнесување на уметнички дела во странство“ се издава врз основа на пополнет формулар во дигитална или печатена форма со следните податоци:

 

– Список со име на уметникот или уметниците, наслов на секое уметничкото дело, техника на изведба (акрил, масло на платно, графика, принт, цртеж, скулптура и др.), димензии и година на создавање на уметничкото дело;

 

– Фотографија од секое дело во дигитална или печатена форма

 

Потребните информации да се испратат на електронската пошта на Музејот info@msu.mk или да се достават лично во просториите на МСУ секој работен ден од 10-14часот.

 

ФОРМУЛАР за извоз на ум. предмети (превземи)